Прајс со деби триумф, Кома пред нова титула

Австралискиот дебитант Тоби Прајс стигна до својата деби победа на релито Дакар на доминантен начин во петокот, додека Шпанецот Марк Кома се доближи до петта титула на славната трка.

Кома одеше на сигурно во 298 километри долгата етапа од Термас де Рио Хондо до Росарио во Аргентина за да заврши како шести со 6:25 пред Прајс, кој водеше од стартот до финишот. Шпанецот Жоан Бареда Борт беше втор со 1:55 заостанување, а неговиот колега од Хонда, Португалецот Пауло Гонсалвес беше трет со 3:02 послабо време.

Гонсалвес, втор во генерален пласман, одзеде само 3:23 од Кома, и Шпанецот има убедливи 18 минути предност пред последната етапа до Буенос Аирес в сабота. Прајс е трет во генерален пласман со 10 минути пред Чилеанецот Пабло Квинтаниља.

Во пласман на автомобили, Аргентинецот Орландо Теранова стигна до четвртата етапна победа, откако последните четири дена трипати беше на второто место. Теранова го победи Русинот Владимир Василјев, додека трет беше локалниот фаворит Емилијано Спатаро.

И тука речиси сè е одлучено, и Катарецот Насер Ал-Атијах го очекува вториот триумф на трката, и без притисок тој заврши на четвртото место. И покрај ова тој успеа да добие дополнителна предност пред Јужноафриканецот Жиниел де Вилиер, која сега изнесува 35 минути.

Само катастрофа на Ал-Атијах и Кома ќе донесе неочекуван победник во Буенос Аирес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...