Во 2015 формулите ќе бидат побрзи?

Формула 1 болидите можат да ја стартуваат сезоната побрзи дури три секунди по круг во однос на минатата сезона, вели директорот на моторспорт на снабдувачот на гуми, Пирели, Пол Хембери.

Пред стартот на зимското тестирање на 1 февруари во Херез, Шпанија, предвидувањата велат дека ќе има драстичен скок на брзината, а Хембери, човек кој доволно го знае развојот на сите тимови, вели дека ситуацијата е драстично поразлична од лани. Тој дури оди дотаму што смета дека толку голем скок во брзината и развојот на моторите ќе бидат вистински предизвик за пневматиците.

„Нашите први податоци велат дека ќе има голем скок. Тимовите имаат способност да ги менуваат драстично работите во текот на зимата, така што додека дојдеме во Мелбурн, или најдоцна до Кина ќе имаме голем скок. Ова е како да пукаш во подвижна цел, но мислам дека ќе се работи за две до три секунди по круг. Тоа е огромна разлика и значи дека конзервативниот избор на пневматици за 2014 ќе биде многу агресивен оваа година“, вели Хембери.

Со ваков скок во перформансите, новата генерација на Ф1 болиди ќе бидат еднакви со старите болиди со В8 мотори. Поради дождот во Австралија, Малезија и Кина минатата година беше тешко да се процени колку болидите се брзи во споредба со тие од 2013. Меѓутоа, во Бахреин, пол-позицијата на Нико Розберг беше 1:33.185, во споредба со 1:32.330 за минатогодишната пол-позиција.

Техничкиот директор на Вилијамс, Пет Симондс, исто така предупредува дека ќе има драстичен скок во перформансите, иако поради промената на дизајнот на „носот“ на болидот, тимовите губат доста надолна сила.

„Болидите ќе бидат побрзи бидејќи ова е спорт кој секогаш се менува. Добивме удар на аеродинамичко поле со новите правила, но ќе го надминеме тоа. Ќе бидеме побрзи“, вели Симондс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...