Лотус сакаат враќање на врвот

Тимот на Лотус ги објави првите фотографии од новиот „Е23 Хибрид“ болид, со новите мотори на Мерцедес, со кои се надеваат на камбек во врвот на спортот.

Тимот од Енстоун го смени снабдувачот на мотори по катастрофалната сезона 2014, во која освоија 10 поени и беа само осми во генерален пласман. На новиот болид има стандарден дизајн на носот, за разлика од уникатниот „двоен нос“ на претходниот болид.

„Е23 Хибрид претставува огромен чекор напред за нас. Не е тајна дека се мачевме со минатогодишниот болид, но сега направивме огромен прогрес во воздушниот тунел и очекуваме Е23 да биде далеку подобар болид. Најголемата промена е новиот мотор, но и целосниот дизајн на тимот“, вели Ник Честер, техничкиот директор на тимот.

Французинот Роман Грожан и Венецуелецот Пастор Малдонадо се задржани како возачи во тимот, додека ГП2 шампионот Џолион Палмер е новиот резервен возач.

Тимот се мачеше со резултатите во 2014 поради премалите инвестиции во 2013, која ја завршија со загуби од 64 милиони фунти. Со финансиското реструктуирање минатата година, тимот загуби само 6 милиони фунти во првата половина на 2014 и го пополни тимот со многу познати инженери и механичари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...