Возачот на Ферари, Кими Раиконен ќе има дополнителен мотив за новата Ф1 сезона откако стана татко. Свршеницата на Раиконен, Минту, за финските весници во средата го откри раѓањето на нивниот прв син.
„Малото дојде на свет во Швајцарија вчера. Тој е здрав, има 51 сантиметар и 3.7 килограми. Родителите се исто така многу добри, среќни и горди“, вели Минту.
Истото подоцна го потврди и Раиконен на Твитер.