Мекларен-Хонда ја почнува новата ера

Долгочекуваниот МП4-30 болид на Мекларен-Хонда беше претставен преку онлајн промоција пред стартот на зимското тестирање во Херез, Шпанија, следната недела.

Со МП4-30 болидот почна нова ера за Мекларен со враќањето на моторите на Хонда по 20 години соработка со Мерцедес, и со уште едно враќање, тоа на Фернандо Алонсо во тимот, кој заедно со уште еден екс-шампион Џенсон Батон ќе се обиде да го врати тимот на врвот. МП4-30 има елегантно решение на новите регулативи за носот на болидот, за разлика од „грпката“ која ја имаше на претходно претставените болиди на Вилијамс и Форс Индија.

Тимот тврди дека задниот дел од болидот е „потесно пакиран“, посебно околу менувачот, иако ладењето останува еден од најголемите предизвици за сите тимови. Малку се знае за новиот мотор на Хонда, кој помина малку километри на дводневниот тест по крајот на сезоната во Абу Даби.

„Мекларен Технолоџи Груп е компанија движена од постојаното барање на технолошка совршеност, и Формула 1 го покажува тоа најдобро. Мекларен-Хонда е партнерство фокусирано на перформанси, технологија и иновации, и најдобар доказ се нашите резултати од првата соработка во 1980-тите и 1990-тите“, вели шефот на тимот, Рон Денис.

Новиот болид ќе тестира првпат во недела на 1 февруари, на стартот на зимското тестирање во Херез, каде што прв во кокпитот ќе биде Алонсо.

„Никогаш не сум бил поподготвен, ниту сум се чувствувал подобро пред нова сезона. Подготвени сме да научиме многу работи бргу, но јасно е дека постои посветеност во Мекларен и во Хонда пред ова ново партнерство“, изјави Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...