Грожан најбрз, Алонсо во ѕид!

Роман Грожан беше најбрз за Лотус во драматичниот четврти и последен ден тестирање во Барселона, одбележан со тешкиот судир на Фернандо Алонсо.

Грожан го постави најдобриот круг од 1:24.067, што претставува и најдобро време на неделата, на меки гуми за Лотус, изненадувачки, да има три најбрзи дена од четирите во Барселона.

Нико Розберг комплетираше 131 кругови за шампионите Мерцедес и имаше најдобро време на „средни“ гуми со само две десетинки заостанување. Данил Квјат беше трет најбрз за Ред Бул, пред Фелипе Наср, кој имаше 73 круга за Заубер и покрај тоа што пропушти поголем дел од утринската сесија.

Сепак, главното внимание на последниот ден тестирање го предизвика Фернандо Алонсо. Двократниот светски шампион удри во ѕидот на излезот на третата кривина, која обично се вози со брзини над 200 км/ч. Амбулантното возило го однесе 33-годишниот Шпанец од патеката до медицинскиот центар, по што тој со хеликоптер беше однесен во болницата во Барселона на тестови.

Според Мекларен, Алонсо бил „свесен“, а неговиот советник и менаџер Луис Гарсија Абад на Твитер напиша дека возачот е „ОК“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...