„Смената“ Алонсо-Фетел е добра за сите?

Поранешниот Ф1 возач Марк Вебер вели дека неговиот поранешен ривал и колега Себастијан Фетел ќе биде подобар возач во Ферари отколку што бил во Ред Бул. Четирикратниот шампион Фетел пет години возеше покрај Вебер, кој се повлече од Ф1 на крајот на минатата година.

Според Вебер, Фетел, човекот со кого немаше најдобра соработка на и надвор од патеката, решил да замине одамна и поради тоа ја загубил мотивацијата во Ред Бул.

„Себ веднаш сфати дека му треба нова мотивација и промена и мислам дека одлуката беше направена одамна. Мислам дека тоа е добро за него, да биде во тим каде што може да извлече повеќе од своите квалитети. Ќе видиме до пола сезона дали тој и неговото искуство ќе им недостасува на Ред Бул“, вели Вебер.

Свој коментар околу поранешен колега имаше и Фелипе Маса, кој откри дека Фернандо Алонсо пред три години се обидел да замине од Ферари, и додаде дека Кими Раиконен ќе биде многу подобар возач без Алонсо во Скудерија.

„Мислам дека Фернандо сакаше да замине пред две или три години, додека и јас бев во тимот, но не можеше. Ланскиот болид не беше најдобар и резултатите не беа таму, но тој се обиде да се бори до крај. Но, тимот беше поинаков и тие решија да го сменат дури и него“, вели Маса.

Промената значи дека Ферари ќе имаат партнерство Раиконен-Фетел и Маса, кој му беше колега на Раиконен за време на првиот престој на Финецот во Скудерија, оценува дека ќе видиме поинаков „Ајсмен“ оваа година.

„Тоа е нов тим, но тим на кој мораш да внимаваш. Себастијан знае како да победи, тоа веќе го докажа, а Кими ќе биде многу подобар без Фернандо во тимот. Но, во исто време тимот губи фантастичен возач во Фернандо. Ќе видиме колку тимот ќе биде променет“, оценува Маса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...