Тинејџерот Мик Шумахер, синот на легендарниот седумкратен шампион Михаел Шумахер, ќе се пресели во Формула 4 серијата од картинг трките оваа година. Шумахер Јуниор ќе вози за холандскиот „Ван Амерсфорт Рејсинг“ во АДАЦ Формула 4 серијата, една од малите серии кои се сметаат како подготовка за Формула 1.
До оваа година тој возеше со презимето Беч (моминското презиме на неговата мајка Корина), но оваа сезона конечно го постави своето име Мик на болидот. 15-годишниот Шумахер јуниор беше вицешампион во европската и германската картинг серија. Неговиот татко заздравува од сериозната повреда на главата, добиена на скијање во декември 2013.