Алонсо не е погдотвен за Мелбурн

Новиот возач на Мекларен-Хонда, Фернандо Алонсо ќе го пропушти Австралиското ГП следниот викенд поради совет на лекарите. Алонсо имаше тежок судир на тестирањето во Барселона, и иако од тимот изјавуваа дека тој е ОК, а и самиот Шпанец преку видеопорака најави дека сè е во ред, тој ќе ја пропушти трката во Мелбурн.

„Фернандо го сфати и го прифати советот на лекарите, и неговото место во Мелбурн ќе го преземе резервниот возач Кевин Магнусен“, се вели во соопштението на Мекларен.

Австралија ќе значеше нов старт за Алонсо во Мекларен, по катастрофалната сезона 2007, а исто така значеше нов почеток на англискиот тим со обновување на партнерството со Хонда.

Меѓутоа, Шпанецот помина три ноќи во болницата во Барселона откако загуби контрола и удри во ѕидот на тестирањето во Барселона на 22 февруари. Околу таа незгода се „свртеа“ многу шпекулации, дека била резултат на електричен шок и дека Алонсо ја загубил свеста, меѓутоа од Мекларен тие беа демантирани.

„Лекарите на Фернандо советуваа пауза и избегнување на какви било ризични фактори толку бргу по потресот на мозокот“, додаваат од Мекларен.

Првиот тренинг за Австралиското ГП се одвива во петок на 13 март, додека трката е закажана за 15 март.

Самиот Алонсо признава дека ќе биде „тешко“ да ја пропушти првата трка од новата сезона посакувајќи му добар успех на „резервистот“ Магнусен.

„Ќе биде тешко да не се биде во Австралија, но ги сфаќам препораките. Втор удар за само 21 дена... Не“; напиша Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...