Хамилтон: „Ќе се обидеме повеќе да доминираме!“

Формула 1 шампионот Луис Хамилтон се надева дека неговиот тим Мерцедес ќе биде уште подоминантен оваа сезона, иако потајно посакува конкуренцијата да му даде поголем предизвик.

„Мислам дека 2014 беше една од најдобрите, ако не и најдобрата година во мојата кариера. Иако бевме напред во поголем дел од сезоната бидејќи лидерот секогаш е бркан, постои предизвик да се подобруваме. Сакаме да бидеме посилни оваа година и да доминираме уште повеќе“, вели Хамилтон.

Мерцедес ги освоија двете титули минатата сезона, во која Хамилтон победи на 11 трки, а неговиот колега Нико Розберг 5, од вкупно 19 трки на календарот. Хамилтон, кој се разболе во текот на последниот тест во Барселона, вели дека е опуштен, фит и подготвен за тркање пред стартот на сезоната на 15 март во Мелбурн.

„Ќе планирам да возам исто толку добро како минатата година, меѓутоа сакам да бидам уште подобар. Навистина ми се допаѓа кога се тркам. Посебно со предизвикот од другите тимови бидејќи секогаш има слабости и силни страни кај одреден возач и тим. Тоа е суштината а тркањето, да се бориш со сите. Што повеќе луѓе, тоа подобро. Ако болидите се блиску тогаш имаш вистински битки“, објаснува Англичанецот.

Хамилтон, кој е во процес на преговарање на нов договор со Мерцедес, оди на третата титула оваа година и смета дека има време да освои уште повеќе.

„Ако сум доволно среќен да извлечам многу од мојата Формула 1 кариера, а само што наполни 30 години, тогаш можам до нови титули. Мислам дека имам добри седум-осум години во мене“, додава Хамилтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...