„Мерцедес никогаш нема да бидат фатени!“

Предноста на моторите на Мерцедес е во Формула 1 на долги патеки, предупредува советникот на Ред Бул, Хелмут Марко. Ред Бул, четирикратните шампиони од 2010 до 2013 година, луто побараа промени на правилата во Формула 1 за да се намали предноста на Мерцедес, која можеби е и поголема од лани.

Едно решение пред сезоната беше системот на „токени“, со кои производителите на Ред Бул, Рено и Ферари добија шанса да работат на „замрзнатите“ мотори.

„О, заборавете ги тие ’токени’. Суштината на целиот проблем со моторот е тоа што се одлучи да се замрзне развојот. Кој се најде назад во подготовката на В6 моторот апсолутно нема шанса да ги надополни перформансите“, вели Марко.

Австриецот е свесен дека ривалите на Ред Бул најверојатно нема да се согласат за промена на правилата.

„За брзи промени, потребно е да се биде едногласен, а за правилата за 2017 година е потребно мнозинство. Мерцедес има четири тима, најмногу од сите, така што ниту една одлука со гласање не може да се донесе без нивна согласност“, додава Марко.

Не сите во Ф1 се согласни на промени, тоа е сигурно. Ферари направија големи подобрувања на моторот и се верува дека наскоро можат да бидат еднакви со Мерцедес, додека и шефот на Мекларен-Хонда, Ерик Булие е сигурен дека јапонскиот производител на мотори наскоро ќе ја „стигне“ конкуренцијата. Марко не се согласува.

„Ние во Ред Бул не веруваме во тоа со овие ограничувања. Ниту еден производител нема да ги стигне Мерцедес никогаш. Ако го немате тој мотор, немате шанси во моментов. Можеби Хонда ќе ги стигне на средни патеки, додека перформансите на Ферари може да се гледаат релативно - не се поблиску туку се многу подобри од лани“, завршува Марко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...