Мекларен и Хонда подготвени за предизвикот

Тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие, смета дека ќе бидат потребни повеќе од две години за конкуренцијата да ги стигне Мерцедес, и воопшто не е изненаден што нивниот снабдувач Хонда заостанува толку на стартот на сезоната.



Доминацијата на Мерцедес сигурно продолжува барем уште една година откако Луис Хамилтон и Нико Розберг завршија со 30 секунди предност пред конкуренцијата на првата трка од сезоната во Австралија. Оваа разлика вознемири многу духови во Ф1, ги натера ривалите од Ред Бул да се заканат со заминување од спортот доколку нема промени, но Булие вели дека со овие регулативи тоа е неизбежно.

„Не мислам дека тоа е лошо во спортот. Секако, секој би сакал да има ситуација во која сите болиди се израмнети како во 2012 година, но секогаш кога има промена на регулативите се случуваат разлики и ’дупки’. Не сум изненаден, тоа е цената која ја плаќаме за оваа модерна Формула 1. Потребно е време да ги стигнеме“, вели Булие.

СПОР ПОЧЕТОК

Од партнерството Хонда и Мекларен се очекува многу, но обновувањето на соработката која во 1980-тите и 1990-тите донесе доминација започна фрустрирачки и возачите на Мекларен беа повеќе од пет секунди зад брзината на Мерцедес во Мелбурн.



„Во нашиот случај, Мерцедес го развиваат тој мотор повеќе од три години, додека Хонда работи само 18 месеци. За Ферари и Рено немам одговори, меѓутоа Мерцедес имаат фантастичен тим и лани завршија добра работа, така што не можеме да очекуваме дека ќе потфрлат. Овие мотори имаат многу потенцијал во себе, така што ќе бидат потребни повеќе од неколку години за да ги стигнеме“, објаснува Булие.

Французинот признава дека во Австралија на болидот на Мекларен се било ставено на минимум за да се заврши трката. Кевин Магнусен не успеа да стигне до стартот откако моторот откажа во загревачкиот круг, додека Џенсон Батон беше 11. (последен) со два круга заостанување.

„Се беше поставено на минимум за да се набљудува секој круг и однесувањето на моторот. Целта беше да се поминат километри. Дали ќе одиме подалеку на жештината во Малезија? Не сум сигурен дека можеме“, објаснува Булие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...