Алонсо позитивен додека Ферари прославуваат

Еден збор совршено го опиша чувството на Фернандо Алонсо по трката во Малезија. Коментарот беше поставен на Твитер и на фотографијата испотениот Шпанец во „дресот“ на Мекларен оди покрај гаражата на Ферари, додека механичарите на тимот се смеат. Коментарот е „Ауч“.

Беше тешко да не чувствувате малку жал за двократниот светски шампион, кој на крајот на годината замина од Ферари за трансфер во Мекларен откако неговите поранешни колеги ја прославија првата победа од 2013. Најгламурозниот Ф1 тим, Ферари се назад во борбата за победи и за титула, додека Алонсо откако прво ја пропушти првата трка од сезоната поради судир на тестирањето, во неделата со Мекларен-Хонда издржа 21 круг на патеката пред да се повлече поради проблеми со ладењето на новиот систем за поврат на енергијата.



Светскиот шампион Луис Хамилтон, кој му беше партнер на Алонсо во Мекларен во 2007 година, и чиј трансфер на крајот на 2012 од Мекларен во Мерцедес од многумина беше оценет за грешка, има сочувство за Шпанецот.

„Седев до Себастијан на прес-конференцијата и си помислив: ’Што размислува Фернандо?’. Се сеќавам дека кога јас заминав од Мекларен за Мерцедес, веднаш бевме подобри. Имав добро чувство за тимот, а тој сега се наоѓа во речиси целосно спротивна ситуација од мене. Чудно е како нештата се случуваат понекогаш“, вели Хамилтон.

Алонсо сака да остане позитивен: „Интересни денови пред нас! Многу задоволен“, напиша тој во понеделникот на својот Твитер профил.

„Ова дефинитивно беше убав викенд и добро изненадување да се види прогресот на тимот од првата трка во Австралија. Ако продолжиме вака ќе уживаме во резултатите многу бргу“, изјави тој по трката.

Иако многумина овие зборови ќе ги оценат како обично охрабрување, но Алонсо пред себе барем има долгорочен предизвик.



„Да се победи Мерцедес во моментов треба да направиш нешто поинаку, да ризикуваш нешто. Јас сум на вистинското место. Ова е талентиран тим со многу млади луѓе, и многу нови јапонски колеги на кои Ф1 им е нешто ново. Ова е многу возбудлив предизвик бидејќи ќе растеме заедно од дното и кога ќе стигнеме на позиција да бидеме на подиумот, ќе можеме да се пофалиме дека сме направиле нешто големо“, објаснува Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...