Формула 1 ги следи парите на Исток

Пред само 10 години, 11 од 19 трки на Формула 1 календарот беа во Европа. Оваа година, по откажувањето на Германското ГП поради финансиски проблеми, само осум трки се на Стариот континент, а на излезна врата е уште една „класика“, Италијанското ГП во Монца



Секоја година, првиот звук на новите Ф1-болиди се слуша на 4.665 метри на патеката „Каталуња“ покрај Барселона на првите тестови од сезоната. Наскоро и таму може да биде молк. Една по една, европските патеки остануваат без звукот на новите В6-турбохибридни мотори.

Откажувањето на Германското ГП оваа година значи дека Европа има само 8 ГП трки, од кои шест се во Западна Европа, а договорите на две патеки, Шпанското ГП и Италијанското ГП треба да се обноват во следните две години. Италијанското ГП во Монца, една од „класичните“ трки од сезоната, не се очекува да „преживее“.

Една од најголемите сезони во историјата на спортот во 1976 година, таа која заврши на силниот дожд на Фуџи во Јапонија со Џејмс Хант како неверојатен шампион, во основа беше „европска сезона“. На календарот имаше две ГП трки во Америка, уште една во Јужна Африка, но целата сезона се одлучуваше во Европа: Цолдер, Цантфорт, Андерсторп, Брендс Хеч и Пол Рикар. Сезоната беше одлучена во Нирнбургринг, каде што „ферарито“ на Ники Лауда се запали, за малку убивајќи го Австриецот. Ниту една од тие патеки не е на календарот оваа година, и најверојатно во блиската иднина.

Ниту интервенцијата на Мерцедес, еден од најмоќните производители на автомобили на светот, не успеа да го спаси Германското ГП, а на Берни Еклстоун, неприкосновениот шеф на спортот, воопшто не му беше жал.

„Вошлива публика“, со тие зборови тој ги опиша 95. илјади фанови, кои во трите дена минатата година го гледаа Германското ГП, на кое победи Германец Нико Розберг со германски болид (Мерцедес), само еден ден откако Германија го освои Светското првенство во фудбал во Бразил.

Лауда е шокиран.

„Еклстоун само се заканува. Нема да се остварат тие сценарија“, изјави Лауда. Меѓутоа, Еклстоун не покажа милост.

Дури ниту „Аутодромо национале“ во Монца, срцето на спортот не е сигурно. Патеката е опишана како „финансиска катастрофа“ од Еклстоун. Доколку Монца не добие отпис на даночната сметка од 20 милиони евра, Италијанското ГП ќе замине во историјата.

Парите со кои се одржуваат трки се на далечниот и Блискиот Исток - во Шангај, Бахреин, Абу Даби... Таму каде што се подготвени да платат милиони долари само за оддржување на трките, а владите го покриваат тоа. Следната година возачите ќе возат ноќна трки низ улиците на азербејџанската престолнина Баку, градот каде што има толку нафта што може да се намириса на улиците. Катар исто така сака Ф1 трка, а тоа што Катар го сака, Катар обично го добива.

Во мај, патеката „Каталуња“ ќе ја прослави својата 25-годишнина, но останува прашањето уште колку ќе остане на календарот, бидејќи договорот завршува следната година. Шпанското ГП барем има можност за преживување, бидејќи патеката е 80 отсто во сопственост на владата на Каталонија.

Слични обиди да се „воскресне“ Француското ГП, кое последен пат беше на календарот во 2008 година на патеката „Мањи-Кур“ останаа безуспешни. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, кој наводно го презира спортот, одговори смирено дека е незамисливо да се организира ГП трка во ера на глобално затоплување. Франција ја организираше првата ГП трка во 1906 година. Најверојатно нема да организира уште една...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...