Алонсо може да успее со Мекларен

Двајца шпански сонародници на Фернандо Алонсо ја поддржаа неговата одлука да направи трансфер во тимот на Мекларен-Хонда и веруваат дека тој може да стигне до успех во иднина.



Маките на тимот на Мекларен на почетокот на 2015 година се комбинирани со успехот на неговиот поранешен тим Ферари и неговиот наследник Себастијан Фетел, кој изненадувачки ги победи Мерцедес на Малезиското ГП, само ги зголемија оцените дека Алонсо згрешил со трансферот.

Роберто Мерхи, шпанскиот дебитант на тимот на Мејнор вели дека не е фер да се оцени дека Алонсо направил лош избор по само две трки.

„Никој не очекуваше Ферари да направат толку голем чекор напред. Критиките што ги добива Фернандо воопшто не се оправдани. Формула 1 е многу комплексен тим и понекогаш изборот на тимот е чиста лотарија. Да почекаме да видиме што ќе се случи до крајот на сезоната, или за две-три години, бидејќи тој секогаш велеше дека врската со Мекларен е на средни до долги патеки“, вели 24-годишниот Мерхи.

Во исто време поддршка стигна и од претседателот на Шпанската автомобилска федерација, Карлос Гарсија, кој смета дека на Алонсо не му било добро во Ферари.

„Приказната со Ферари е многу комплицирана. Би сакал да го видам Ферари во овој болид на Ферари, но неговите шанси се добри и со Мекларен и мора да ги почитуваме неговите одлуки. Хонда не се врати во Формула 1 да биде ’гледач’ и колку и да зборуваме за Ферари, и Мекларен се тим со голема традиција на успех. Мислам дека веќе до Шпанското ГП тие ќе почнат да бидат конкурентни, ако не за победи, туку за подиуми“, изјави Гарсија во интервју за весникот „Ел конфиденсиал“.



Самиот Алонсо беше полн со пофални зборови за својот старо-нов тим, посебно по прогресот на МП4-30 болидот од Австралиското ГП до Малезиското ГП. Шпанецот смета дека тимот оди во вистинска насока пред Кинеското ГП, каде што има две победи во кариерата.

„Чекорот што го направивме помеѓу Австралија и Малезија беше навистина импресивен и беше одлично чувство да се бориш со другите возачи. Тој прогрес му дава на целиот тим верба дека патот што го одиме е вистинскиот и се надевам на нов голем чекор“, вели Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...