Легендите на парада во Австрија

На 21 јуни за време на викендот во кој ќе биде одржана трката за ГН на Австрија на Ред Бул ринг ќе има несекојдневна можност да се видат болидите со кои во минатото се победувало на истата патека. Дел од возачите кои тогаш ги возеле болидите ќе имаат можност повторно да се најдат во нив, а оние кои не се меѓу живите ќе бидат заменети со други легенди на Ф1 трките.

Според најавите, ќе има шест болиди, а нив ќе ги управуваат вистински легенди.

Ники Лауда ќе го управува болидот на Мекларен МП4/2 со кој во 1984 година дојде до триумф на патеката. Алан Прост, пак, ќе го има Мекларен МП4/2б со кој во 1985 година дојде до својата прва титула во Ф1 шампионатот.

На патеката ќе се најде и Герхард Бергер, кој ќе го управува болидот на Ферари Ф1-87/88ц кој и самиот го управуваше во 1988 година. Жан Алеси ќе се најде зад воланот на Рено РЕ50-03, кој во 1984 година беше управуван од страна на Дерек Ворвик.

Најголемата чест се чини му припадна на Мартин Брандл. Тој ќе го вози болидот на Аиртон Сена од 1986 година, со кој Бразилецот стигна до две победи во сезоната. Се работи за Лотус 98Т.



Шестиот пилот кој ќе се најде на парадата на стари болиди во Австрија е Пјерлуиџи Мартини, кој ќе го вози Минарди М186-0 од 1986 година.

Ова ќе биде трка на болиди кои биле со три педали и со рачен менувач. Тоа е ерата на сосема поинакви трки, а за најдобро зборува изјавата на Герхард Бергер.

„Во турбо ерата трките беа сосема поинакви. Беше потребен далеку поголем напор. Ние возевме цела трка со една рака. Моравме една рака да имаме на воланот, а една на менувачот и мораше да менуваме постојано. Сега сè е електронски и поинаку. Нам ни требаа неколку круга за да дојдеме до моментот за вистинска трка бидејќи беше потребно време за да се загреат гумите. Сега тоа се прави пред почетокот на трката и е далеку полесно“, вели Бергер.

Тој додава и каква била работата со нозете бидејќи морале да работат со три педали, а не со две како што е сега.

„Имавме три педали и моравме постојано да внимаваме што правиме. Не можевме да одиме со стискањето на педалот за гас до крај бидејќи мораше да работиме и со квачилото и постојано да притискаме на сопирачката. Оттаму можам да кажам дека со нозете работевме како да свириме пијано. Тоа беше навистина неверојатно бидејќи требаше да се биде многу умешен за да се извози една трка на високо ниво и да се дојде до бодови. Сепак, тоа и ги правеше трките далеку поубави“, изјавува Бергер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...