Раиконен најчесто на подиум

Пилотот на Ферари, Кими Раиконен важи за возач кој успеал најмногупати да се искачи на подиумот по трките за ГН на Бахреин. Трката се одржува од 2004 година, а првиот победник беше Михаел Шумахер.

Раиконен иако има најмногу пласмани на подиумот, сепак, нема ниту една победа, а со оглед на тоа дека во моментов тешко може да се надева на триумф веројатно и по оваа трка ќе остане на иста позиција.



Најмногу победи во Бахреин има Фернандо Алонсо. Тој дури трипати успевал на крајот од трката да се радува така што се надева дека в недела, конечно, ќе ги сврти работите во своја корист и ќе биде далеку подобро во продолжение од сезоната.

Што се однесува до другите возачи, по две победи имаат Фелипе Маса и Себастијан Фетел, додека Џенсон Батон и Луис Хамилтон по еднаш успевале да се искачат на највисокото место на пиедесталот.

Денеска ќе се види чиј болид е најдобро подготвен на првите тренинзи, но сите очекувања се дека Луис Хамилтон и Нико Розберг ќе бидат во трка за победата. Себастијан Фетел засега се гледа како единствен конкурент за нив.

АЛОНСО НАЈГОЛЕМ РИВАЛ ЗА ФЕТЕЛ

Првиот возач на Ферери, Себастијан Фетел вели дека Фернандо Алонсо секога му задавал проблеми и бил возачот против кого му било најтешко да вози на патеката.

Во моментов вели и дека одлично се разбира со Раиконен така што успеваат заедно да бележат добри резултати.



„Во 2010 и 2012 година имаше жестока борба. Во последните две години исто така имавме многу силни трки. Луис Хамилтон? За него слушнав уште додека возеше картинг. Нашето ривалство е вистинско задоволство“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...