Раиконен: Сакам да победувам, а не да бидам втор

Актуелниот првак Луис Хамилтон уште еднаш покажа дека во моментов е доминантен во Формула 1 шампионатот, откако стигна до третата победа во четвртата трка. Британскиот возач со досегашниот тек на резултатите потврдува дека е главен фаворит да го одбрани тронот.

„Одлично се одвиваат работите за мене по првите четири трки што беа во Азија и Австралија. Благодарам на сите во тимот кои се заслужни за овие резултати. Ферари постојано притискаше и немавме време да се релаксираме. На крајот имавме проблеми бидејќи гумите беа оштетени, а почнаа да откажуваат и сопирачките. Сепак, на крајот најважно е што сè се заврши како што посакувавме“, рече Хамилтон.



Ферари, кој е најголем ривал на Мерцедес, повторно беше чекор поназад. Кими Раиконен заврши како втор, што е негов прв пласман на пиедесталот сезонава. Иако е ова најдобар пласман, Финецот не беше задоволен. „Никогаш не сум среќен кога завршувам на второто место. Имав лош старт на сезоната и убаво е што сега бев на пиедесталот, но моја цел е да победувам. Да имаше уште неколку круга до крајот, ќе се борев и за првото место. Верувам дека во иднина ќе имаме уште подобри резултати“, рече Раиконен.

Од таборот на италијанскиот тим жалат што нивниот втор возач Себастијан Фетел не успеал да се искачи на подиумот. Четирикратниот првак направи две големи грешки и на крајот заврши дури на петтото место со речиси 45 секунди послабо време од победникот. „Не смеев толку широко да влезам во последниот свиок. Го оштетив крилото и тоа беше клучен момент. се чувствувам како да го предадов тимот. Жалам бидејќи можев да стигнам до подиумот. Кими покажа дека сме конкурентни на Мерцедес“, рече Фетел.



Шампионатот сега се сели во Европа. Следната трка е за големата награда на Шпанија, која се вози на 10 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...