Ситуацијата околу новиот договор на Луис Хамилтон во Мерцедес по сè изгледа „ескалираше“, токако британските медиуми тврдат дека тој бара 200 милиони евра од тимот, со што преговорите „заглавија“. Хамилтон наводно бара толку пари за три години, со што би се израмнил со договорот на Себастијан Фетел во Ферари.
Сепак, луѓето од бордот на Мерцедес во Штутгарт не се подготвени за ваков чекор напред зголемувајќи ги шпекулациите дека тој ќе замине во друг тим по 2016 година, најверојатно Ферари. Покрај тоа, Хамилтон бара да ги задржи своите победнички трофеи и шампионскиот болид, нешто што во Мерцедес воопшто не им се допаѓа.