Алонсо: „Во Ферари ништо не е сменето“

Асот на Мекларен, Фернандо Алонсо смета дека бил во право што си заминал од Ферари на крајот на минатата сезона и очекува неговиот нов тим да ги освои првите поени по обновувањето на партнерството со Хонда во Монако, пред до крајот на сезоната да се доближат до подиуми.

Шпанецот вели дека разликата која Мерцедес ја имаше при победата на Шпанското ГП го оправдува неговиот избор за трансфер во Мекларен бидејќи „ништо не се сменило“. По пет фрустрирачки сезони во Скудерија, Алонсо изненади многумина со одлуката да верува во партнерството Мекларен-Хонда.



По пет трки оваа сезона, тој уште нема освоено поен, а на Шпанското ГП тој и неговиот колега Џенсон Батон имаа толку проблеми со управувањето признавајќи дека им е страв да го возат болидот.

„Јас сум многу задоволен од мојот трансфер. Бев во Ферари минатата година со пола минута, цела минута зад Мерцедес, а во неделата тие беа 43 секунди пред нив во Барселона. Ништо не се сменило и тоа е една од причините поради кои си заминав. Во пет години не видов промена и не сакав да чекам шеста или седма година“, вели Алонсо во интервју за британскиот ТВ канал „Скај спорт“.

Ова доаѓа по коментарите на поранешниот претседател на тимот, Лука ди Монтеѕемоло, кој изјави дека наместо прогрес, Ферари „имале среќа“ што немаат ривали за второто место.

Мекларен од друга страна, инсистираат дека не се во криза, иако признаваат дека проблемите на стартот на сезоната биле поголеми од очекувањата. Во Барселона тимот првпат успеа да влезе во втората квалификациска сесија и Алонсо останува сигурен во успех.



„Целосно сум мотивиран и ќе биде прекрасно ако наскоро ја вратиме конкурентноста бидејќи почнавме од нула. Мислам дека во Монако ќе освоиме поени. Сега ќе бидеме на границата на тоа 10-то место во следните две-три трки, а од Канада и Австралија ќе бидеме посигурни. Во финишот на шампионатот, ако зборувам оптимистички можеме да бидеме и на подиумот“, додава Алонсо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...