Мерцедес и Хамилтон продолжуваат барем до 2018

Луис Хамилтон официјално го обнови својот договор со Мерцедес на дополнителни три години, со што светскиот шампион останува во англиско-германскиот тим до крајот на 2018-та.

Преговорите околу договорот се „влечкаа“ од зимата, но сега конечно пред ГП-трката во Монако, Мерцедес ги потврди вестите. Според познавачите договорот вреди околу 100 милиони фунти, со што Хамилтон е меѓу најплатените Ф1-возачи.



„Мерцедес е мојот дом и пресреќен сум што останувам тука уште три години. Ова е компанија полна со страсни тркачи, од бордот до луѓето во фабриката. И покрај успехот од минатата година, гладот за победа е поголем од кога било претходно, исто како и кај мене. Овој болид што го возам сега е најдобриот во мојата кариера и забавно е да се бориш за победа на секоја трка. Мерцедес-Бенц почна да ме поддржува во 1998 година, така што овој договор значи дека во 2018 година ќе прославам 20 години со Мерцедес“, вели Хамилтон.

ДОГОВОРОТ НЕ БЕШЕ ПОД СОМНЕЖ

Англичанецот вели дека долгото време кое беше потрбно за финализирањето на договорот било неважно бидејќи тој бил сигурен дека евентуално ќе се согласи со шефовите. Се веруваше дека Ферари се заинтересирани да го донесат Хамилтон како партнер на Себастијан Фетел, меѓутоа тој вели дека не постоел интерес да се зборува со други страни.

„Од почетокот им кажав на Мерцедес дека не планирам да зборувам со никој друг и верувам дека и тие го направија истото. Имав договор за оваа година, така што ништо не беше итно. Ова беше прв договор кој сам го преговарав. Има многу за учење и за анализирање. Мислам дека добро си ги заработив моите 10%“, се пошегува Хамилтон.



ВОЛФ ЗАДОВОЛЕН, ЧЕСТИТКИ ОД РОЗБЕРГ

И шефот на тимот, Тото Волф е задоволен.

„Постојаноста е еден од клучните фактори за успех во Формула 1. Луис имаше историска шампионска сезона лани и приоритетот беше да се обнови неговиот договор. За тоа беше потребно време бидејќи никој не се брзаше“, вели Волф.

Колегата на Хамилтон, Нико Розберг, кој веќе има долгогодишен договор со Мерцедес му честиташе на ривалот, но посочи дека во ниту еден момент не верувал во шпекулациите дека ќе си замине.

„Му честитав бидејќи секогаш е возбудливо да потпишеш нов договор. Ова е најдобриот Ф1 тим и најверојатно ќе остане така многу години. Прекрасни луѓе, прекрасен тим. Ќе продолжиме многу години“, вели Розберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...