вторник, 05.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"

На четири дена пред Свеченото Отварарање, претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОЦ), Жак Рог вели дека Олимпијадата во Пекинг ќе биде историска, потврдувајќи ја кинеската трансформација на светско ниво.

При говорот на отварањето на Олимпиското тело, Рог не сакаше да ги посочи темите кои ја преокупираат јавноста на Западот, како човековите права, загадувањето на воздухот и слободата на медиумите. Пред кинескиот претседател Ху Џинтао, Рог посочи само на "некои предизвици" кои се пред Кина.

"Сега сме на неколку дена пред според мене историските Олимписки Игри. Кинеската улога како олимписки домаќин отвори прозорец кон најнаселената земја на светот", изјави Рог на 120. генерално собрание на ИОЦ.

Рог вели дека ова се "историски" моменти за олимпиското движење, бидејќи Олимпијадата се оддржува во земја со скоро 20% од светското население. Се очекува повеќе од милијарда ТВ гледачи да го гледаат Свеченото Отварање во петок.

"Сигурен сум дека Игрите ќе остават многу за Кина. Кина е нација во транзиција со одлична иднина, неверојатен потенцијал и неколку предизвици. Верувам дека историјата ќе погледне на ОИ во 2008 како значајна случка во трансформацијата на Кина", додаде Рог.

Рог посочи дека Игрите ќе имаат рекордни 205 олимписки тима, додека жените ќе бидат околу 45% од 10.500 спортисти. Белгиецот исто така изјави дека има "историски напредок" во борбата против допингот со повеќе тестови од било кога во историјата.

Во неговиот говор, кинескиот претседател изјави дека спортот направил голем придонес во брзата модернизација на Кина.

"Наша надеж е дека преку Олимпијадата можеме да ја покажеме искрената надеж на кинескиот народ да го подели развојот и да се приклучи на светот кон градење на светла иднина", вели Џинтао.


Наjновo од Спорт
Колективно на чекор до четвртфинале
Брајант: Европа, дајте ги парите и еве ме!
Надал веќе отпатува за Пекинг
Мареј до својата прва Мастерс круна
Торп ќе го тужи Л'Екип!
Македонските параглајдеристи се изборија за името
"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
Македонија под реден број 13
Одземено уште едно злато на САД
Лиу подготвен "да лета" во Пекинг
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
ИААФ суспендираше седум Русинки!
Македонското знаме главна тема
Пекинг во секоја смисла сака "Чисти Игри"
Скромна екипа, скромни желби
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи