
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Надал веќе отпатува за Пекинг
Рафаел Надал оваа година е секако најдобриот тенисер на светот, иако рејтинг листата ќе го покаже тоа дури по две недела. Сега 22-годишниот Шпанец веќе планира место за својот олимписко трофеј.
"Ќе уживам во олимписката атмосфера и ќе се обидам да освојам медал. Вистинска чест е да ја претставувам мојата земја", изјави Надал пред 13-часовниот лет до Пекинг.
Покрај титулите од Ролан Гарос и Вимблдон, Надал оваа година победи во Годо, Хамбург, Монте Карло и Квинс Клаб, и на 18 август автоматски ќе го замени Рожер Федерер на првото место по 235 недели по ред.
"Се чувствувам исто како и предходно. Ова е само еден чекор во долгиот процес. Но, целиот свет треба да сфати каков шампион беше Федерер и се уште е", вели Надал.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|