среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!

Светскиот рекордер на 100 метри, Усаин Болт пристигна во Кина во вторникот очигледно несвесен дека ќе оди на двоен олимписки триумф во спринтерските дисциплини. И покрај тоа што неговиот агент Норман Пирт и тренерот Глем Милс потврдија дека Болт ќе трча на 100 и 200 метри во Пекинг, тој изгледаше збунет.

"Не сум одлучил дали ќе одам и на 100 метри. 80% сум сигурен, и тренерот уште не ми кажал. Што велите? Ова е првпат да немам добра комуникација со тренерот се надевам дека нема да се повтори", изјави 21-годишниот Болт, додавајќи дека го чувствува Милс како "втор татко".

Во секој случај ќе беше тешко за Болт, кој е светски вице-шампион на 200 метри да ја одбие шансата да стане првиот човек по Карл Луис во 1984 со победа во двете спринтерски трки.

"Да, добар сум на 100 метри. Но, некако трката на 200 метри е поблиску до моето срце, а токму 100-ката е причин поради која не сум подотвен да одам и на 400 метри. Тренинзите за трката на еден круг се толку тешки. Не, не сум мрзелив, иако порано бев", вели 1.96 метри високиот Болт.

Јамајканецот признава дека ќе биде потребно да истрча совршена трка на 100 метри во финалето во Пекинг, бидејќи покрај него ќе се неговиот сонародник Асафа Пауел и светскиот шампион Тајсон Геј.

"Асафа Пауел е вториот најбрз човек на светот, а Тајсон Геј е светски шампион и ќе биде многу мотивиран. Освен совршена трка ништо друго не е важно. Ако имам добар старт, знам дека можам да победам. Би било добро да се освои олимписко злато, но уште поубао да се освојат две", додава Болт.


Наjновo од Спорт
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Преагресивниот Пирс
Шест селекции со еднакви шанси
Враќањето на Ферари не ги плаши Мекларен
Колективно на чекор до четвртфинале
Европа, дајте ги парите и еве ме!
Надал веќе отпатува за Пекинг
"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
Македонија под реден број 13
Одземено уште едно злато на САД
Лиу подготвен "да лета" во Пекинг
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
ИААФ суспендираше седум Русинки!
Македонското знаме главна тема
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи