среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

НА ДВА ДЕНА ПРЕД ОФИЦИЈАЛНИОТ СТАРТ НА ЛОИ ВО ПЕКИНГ, ПОЧНУВА ФУДБАЛСКИОТ ТУРНИР
Бразилците во центарот на вниманието

На два дена пред официјалниот почеток на Олимписките игри во Пекинг, денеска стартува фудбалскиот турнир кој нуди големи возбудувања. Иако први почнуваат жените, многу поинтересно се очекува да биде на машкиот турнир чиј старт е закажан за утре, а на него учествуваат неколку исклучително квалитетни репрезентации. Титулата ја брани Аргентина која во Атина стигна до златниот медал без примен гол, но сега како конкуренција има далеку подобри репрезентации. "Гаучосите" ќе ги предводи Лионел Меси, меѓутоа тим за стравопочит и во машка конкуренција има Бразил за кого ќе настапат Роналдињо, Пато, Диего, Рафиња итн.

Бразилците се решени конечно да го прекинат постот и да го освојат единственото злато што и недостасува на оваа репрезентација. Холандија ќе се потпре на речиси истите фудбалери кои лани станаа европски прваци до 21 година плус фудбалери како Рој Макар, Џонатан де Гузман итн. И Италија нема тим за потценување затоа што Пјерлуиџи Казираги повика неколку исклучително квалитетни млади фудбалери меѓу кои и Џузепе Роси, а засилени со Томазо Роки, Рикардо Монтоливо итн.

"Направивме силен тим со кој мислам дека можеме да одиме до крајот. Ги зедов во комбинација сите фудбалери кои мислев дека можат да послужат за голем успех, атмосферата во репрезентацијата е одлична и сите со нетрпение го очекуваат стартот на турнирот", изјави бразилскиот селектор Дунга.

Во последниот месец се водеше голема борба меѓу елитните европски клубови и репрезентациите-учеснички на оваа Олимпијада, но на крајот ФИФА одлучи за Пекинг да заминат добар дел од најквалитетните фудбалери кои сигурно гарантираат интересен турнир.

Најдобрата бразилска и светска фудбалерка Марта ќе има шанса да и се одмазди на Германија за ланскиот пораз во финалето од Светското првенство уште во првиот натпревар од женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Пекинг кој почнува два пред официјалниот старт на најголемото спортско натпреварување. "Кариоките" го освоија второто место и на претходната Олимпијада во Атина, но сега добија можност уште во првото коло да ги најават своите шампионски амбиции. Ланското финале исто така се одржа во Кина, а Германија победи со 2:0 откако претходно при резултат 0:0 токму Марта не успеа да реализира удар од белата точка.

"Нашиот тим сигурно сега е посилен и подобро психолошки подготвен отколку на претходните натпреварувања. Повеќе би сакала да освојам нешто со мојата репрезентација отколку на индивидуален план", рече Марта, официјално најдобрата светска фудбалерка во моментов според ФИФА.

Најголемите фаворити за освојување на олимписката титула Бразил и Германија овој пат се паднаа во истата група, но многу е веројатно дека ќе успеат да ги освојат првите две места во конкуренција уште на Нигерија и Кореја. Третиот фаворит за златото е селекцијата на САД, која на овој турнир ќе биде без својата најдобра фудбалерка, Ејби Вамбах, која досега на 127 натпревари постигна 99 гола за репрезентацијата. Во групата е и Норвешка со која САД лани играа во борбата за третото место и тука завршува кругот на кандидати за висок пласман.

Поради системот на натпреварување, во четвртфиналето патуваат по двете најдобри селекции од трите групи плус две најдобри третопласирани репрезентации.




Наjновo од Спорт
Олимписките игри во Пекинг најскапи досега
Екстра бонус за "Јувентус"
Го сакам Стојков во Војводина!
Не бевме фини со Финците
Руни "закачил" вирус во Нигерија
Роналдо доаѓа во Реал, но идната година
Брз "излез" од психолошката блокада
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Шест селекции со еднакви шанси
Надал веќе отпатува за Пекинг
"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
Македонија под реден број 13
Одземено уште едно злато на САД
Лиу подготвен "да лета" во Пекинг
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи