
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Русите демантираат систематско допингување
Рускиот тим во средата мораше да ги демантира обвинувањата за систематско допингување на своите спортисти и се праша зошто објавата за позитивниот тест на неколку нивни спортисти дојде на неколку дена пред Олимпијадата.
Некои од најголемите надежи за злато на Русија во атлетиката и во велосипедизмот се исфрлени од тимот и суспендирани во последната недела поради позитивни тестови и обвинувања за манипулација со примероците на урина. Шефот на медицинската комисија, Арне Љунгквист, отиде подалеку и изјави дека е очигледно дека се работи за "систематски, планиран допинг". Од Русија веднаш реагираа.
"Чудно е кога ќе слушнеме дека имало систематски допинг. Да, ситуацијата во која сме е непријатна, но нема систематски допинг. Кога во САД ги открија БАЛКО лабораториите, не кажаа дека целиот американски спорт е вклучен во допингување. Покрај тоа, за овие резултати се знаеше одамна, но ги објавија пред Олимпијадата", вели Генадиј Швец, портпаролот на Рускиот олимписки комитет.
Луис: "Допингот го прават спортот фарса"
Австралиските официјални лица побараа од нивната тркачка Тамсин Луис своите мислења да ги сочува за себес и да се концентрира на Олимпијадата откако влезе во остар напад на олимпиското допинг-тестирање. Луис, која е светска шампионка во сала на 800 метри, вели дека ја загубила надежта во Олимпијадата.
"Стигнав до момент во кој сметам дека спортот е фарса и не е фер кон спортистите кои се чисти. Немам сомнеж дека кога ќе бидам на стартот следната недела ќе гледам наоколу и нема да видам чисти спортистки. Загубив целосна доверба во системот", вели Луис.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|