четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

"Го живееме олимпизмот"

Македонската олимписка делегација во Пекинг го комплетираше адаптирањето на новата средина, како и подготовките за настапот на Олимписките игри, а воедно со нетрпение го очекува и спектакуларното отворање на Олимпијадата. Сите наши претставници дисциплинирано работат по двапати дневно и веќе се влезени во натпреварувачки ритам.

"Сите спортисти дисциплинирано работат, тренираат по двапати дневно во фантастични услови и постепено ја темпираат натпреварувачката форма. Расположението е одлично, на високо ниво и во моментите на одмор сите сме заедно и дишеме како еден, живеејќи го олимпизмот кој претставува една голема животна филозофија", изјави генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Нашите олимпијци без притисок го очекуваат почетокот на Игрите и сите се надеваат дека ќе ги постигнат најдобрите резултати во својата кариера.

"Олимпијците растоварено го очекуваат стартот на Игрите. Тие немаат притисок бидејќи не им се наметнати барање за постигнување на некои големи резултати. Сепак, постои позитивна трема затоа што сите спортисти ќе се потрудат да дојдат до своите најдобри резултати што ќе ги задоволи очекувањата на нивните федерации, како и на МОК", додава Поповски.

Тренерот на нашата пливачка Елена Поповска, Методија Ангелески, не информираше дека постои голема разлика во температурата на отворено и онаа во објектите каде што тренираат и престојуваат олимпијците, како и со огромната влажност на воздухот, но засега тоа нема влијание во тренажниот процес на нашите претставници.


Наjновo од Спорт
Федерер го напушта Олимпиското село во Пекинг
"Кенгурите" ги предупредија Американците
Тантуровска и Антиќ - тандем за победа
"Шпедитерите" на "стенд- бај"
Манаду ужива во анонимноста, Фелпс вели дека нема притисок
Пред Олимпијадата само насмевки во Пекинг
"Го живееме олимпизмот"
Русите демантираат систематско допингување
Фудбалерите назад од Пекинг
Олимписките игри во Пекинг најскапи досега
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи