четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

Пред Олимпијадата само насмевки во Пекинг

Пред националната "забава", скоро секој во Пекинг нешто тренира. На националниот стадион, попознат како "Гнездо" гинеските гимнастичари тренираа со волонтерите, на плоштадот пред стадионот стотици кинески војници маршираа, и било каде во Олимписката Зелена Зона се вежбаше англискиот јазик.

Поважно за Кинезите од јазикот е што се доаѓа со насмевка, дури и порака за која нема насмевки.

"Извинете, но забрането е", вели војникот пред олимпискиот стадион, секако со голема насмевка на лицето.

По седум години и многу потрошени милијарди, најграндиозната Олимпијада во историјата се отвара утре, во според најавите, најграндиозната церемонија на Свечено Отварање. Ништо не е оставено на случајноста.

Од огромниот нов терминал на аеродромот, до паркчињата во Пекинг, се на Олимпијадата изгледа масивно и максимално. Тоа го вклучува и неверојатниот број на млади олимписки волонтери, кои обично на секое барање на туристите, доаѓаат најмалку по пет.

Според проценките околу 90% од Кинезите ги поддржуваат Игрите, а единствената загриженост по се изгледа е смогот во Пекинг, дури и откако властите затворија стотина фабрики, и тргнаа многу автомобили од улиците.

Смогот не е единствен проблем во Кина. Пред да се упати на Свеченото Отварање, американскиот претседател Џорџ Буш влезе во остра критика на човековите права во Кина, додека четири активисти беа уапсени за ставање на знаме со Слободен Тибет пред Олимпискиот стадион.

Очекуваниот туристички бум засега не се оствари, и локалниот весник Џингхуа Шибао известува дека цените за изнајмување се намалени за половина бидејќи хотелите имаат доволно соби.

Атмосферата сепак покажува дека Кинезите не само што се заинтересирани за добра Олимпијада, туку во неа гледаат и голема гордост.

Кина не го пушти поранешниот олимписки шампион Чик

Поранешниот олимписки шампион во брзо лизгање, Американецот Џои Чик ја загуби својата кинеска виза во средата, неколку часа откако требаше да патува во Пекинг во обид да направи кампања за Кина да помогне на Дарфур регионот во Судан. Чик е претседател на групата од поранешни Олимпијци наречена Тим Дарфур и тој планираше да помине две недели во Кина.

"Навистина не го очекував ова. Мислев дека откако ќе ми дадат виза ќе ме пуштат да дојдам таму. Ова беше голем шок. Мислам дека Кинезите ја заслужуваат Олимпијадата, но има премногу лоша политика", вели Чик.


Наjновo од Спорт
Пред Олимпијадата само насмевки во Пекинг
"Го живееме олимпизмот"
БАТЕ го исфрли Андерлехт
Името Вилијамс останува во формула 1
Ферари не смее да си дозволи нови грешки
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август
Џерард го пропушта Стандард
Русите демантираат систематско допингување
Фудбалерите назад од Пекинг
Олимписките игри во Пекинг најскапи досега
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Шест селекции со еднакви шанси
Надал веќе отпатува за Пекинг
"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи