четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

Манаду ужива во анонимноста, Фелпс вели дека нема притисок

Малкумина ја препознаваат француската пливачка Лор Манаду во Пекинг, и таа вели дека тоа и се допаѓа. Откако стана олимписка шампионка на 400 слободно во Пекинг во 2004, Манаду ретко кога беше далеку од очите на јавноста бидејќи успесите во базените паѓаа во сенка на личните драми.

"Добро е да си невидлив. Сега не сум фаворитка туку тоа е Федерика Пелегрини, која е светска рекордерка. Кога влегувам во базенот не ме бараат сите мене", вели Манаду.

Нејзиниот комплициран љубовен живот (таа го загуби и своето момче, италијанскиот пливач Лука Марин од Пелегрини) беше на насловните страници во Франција во поголемиот дел од 2007, година во која "избега" во Италија за да се врати дома и да смени двајца тренери.

"Повеќе работи ми се случија лани отколку во трите години по олимписката титула. Веќе навистина не се чувствувам како актуелна шампионка. Четири години се многу време", додава Манаду.

Перформансите на Манаду во Франција паднаа во сенка на машките пливачи во слободен стил, предводени од Алан Бернар, со што Французите се први фаворити за 4х100 метри штафетата.

Пред Олимпијадата, Манаду доживеа удар со поразот на 400 метри на националниот шампионат од младата Корали Балми, а нејзините фотографии во солзи беа само знак за падот.

"Тој шампионат ми направи многу добри нешта. Го намали притисокот и покажа на другите Французинки дека можат да пливаат добро", вели Манаду, која ќе плива на 400 слободно и на 100 и 200 метри грбно.

ФЕЛПС СМИРЕН И ПО СИТЕ ПРИТИСОЦИ

Шоуто на Мајкл Фелпс почна во средата, кога американската пливачка ѕвезда се појави пред еден куп новинари. Фелпс, кој беше заедно со 41-годишната колешка од тимот Дара Торес и тренерот Боб Боуман, почна со намалување на значење на неговиот напад на рекордот на Марк Шпиц од седум олимписки злата на една Олимпијада.

"Вие го зборувате тоа, јас не сум кажал ништо. Јас само ќе продолжам да се подготвувам за да бидам најбрз што можам. Никогаш не сум кажал ништо за рушење на ниту еден рекорд. Моите цели никој не ги објави", вели 23-годишниот Фелпс, кој ќе плива во пет индивидуални трки и три штафети.

Но, понудата на Спидо од 1 милион $ за седум злата уште стои, и Фелпс го израмни тој магичен број од 7 на минатото СП. Фелпс е познат како натпреварувач кој мрази да губи и тоа што е рекордер во четири од петте индивидуални трки го поставува во фокусот по шесте злата во Атина.

"Мислам дека Мајкл е фантастичен пливач и ако некој стигне до тој рекорд, тоа е тој. Ќе имаме добра приказна во 9-те дена натпреварување. Ќе има многу луѓе кои ќе гледаат и ќе се надеваат да ја видат историјата", вели тренерот на австралискиот тим, Алан Томпсон.


Наjновo од Спорт
Манаду ужива во анонимноста, Фелпс вели дека нема притисок
Пред Олимпијадата само насмевки во Пекинг
"Го живееме олимпизмот"
БАТЕ го исфрли Андерлехт
Името Вилијамс останува во формула 1
Ферари не смее да си дозволи нови грешки
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август
Русите демантираат систематско допингување
Фудбалерите назад од Пекинг
Олимписките игри во Пекинг најскапи досега
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Шест селекции со еднакви шанси
Надал веќе отпатува за Пекинг
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи