
|
 |
Спорт / ОИ 2008
"Кенгурите" ги предупредија Американците
Првиот фаворит за златиот олимписки медал во Пекинг, селекцијата на САД, дојде и до петтата победа во контролниот период. Но последната, онаа над Австралија изразена со "тесни" 87:76 покажа дека не е се баш идеално кај Американците.
Ако претходните високи победи над Русија, Турција, Литванија и Канада велеа дека Јенките се предобри за сите свои противници, се покажа дека има решение и за таа нивна игра.
Иако без својот прв играч Ендрју Богут, "кенгурите", пред се нивните центри Крис Ансли и Дејвид Андерсен, покажаа многу повеќе од центарскиот тандем на САД, Двајт Хауард и Кирс Бош.
Австралијците ги избркаа своите противници од под кошот, кои беа принудени да шутираат од далечина, и тоа под дополнителен притисок. А таму Американците беа очајни, имаа само 3-15 за три поени.
Иако на полувремето водеа со доста сигурни 44:29 Американците паднаа во третиот период во кој "кенгурите" со серија 15-4 се вратија во натпреварот.
И иако до крајот ја задржаа предноста, избраниот тим на Мајк Кжижевски не остави впечаток на максимално подготвен.
Најдобар стрелец во нивниот состав беше Двејн Вејд, кој постигна 22 поени. Леброн Џејмс додаде 16.
На другата страна Милс даде 13, а Ансли 12 поени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|