
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна
Тајсон Геј вели дека повредата која го остави надвор од тартанот минатиот месец му помогнал во подготовките за Олимпијадата, бидејќи успеал да се опушти од притисокот и да се фокусира само на трката на 100 метри.
"Сега сум прилично опуштен. Повредата беше незгоден чекор наназад, но ми помогна бидејќи бев далеку од медиумите, немаше интервјуа можеби три или четири недели. Затоа сум опуштен и не сум нервозен пред Олимпијадата. Не чувствувам многу притисок сега. Бутниот мускул е добар, имав доста добра терапија, а ова е Олимпијада, така што адреналинот ќе биде тука", вели Геј, откако пристигна во Пекинг по терапијата во Германија.
Геј го повреди бутниот мускул во квалификациите на 200 метри на националното првенство во јуни, и не учествуваше на големите европски митинзи минатиот месец. Покрај тоа, перформансите на Јамајканците Асафа Пауел и Усаин Болт ја свртеа јавноста кон нив.
"Кога истрчав 9.6 со ветер на 100 метри, луѓето почнаа да зборуваат дека морам да победам и дека сум главниот фаворит. Но, во исто време имав мала повреда и сега притисокот е кај другите", додава Геј.
Тие 9.68 со ветер во грбот му донесоа титула на американските квалификации, но тој не успеа да се квалификува на 200 метри, откако се повреди во текот на квалификациите.
"Навистина бев налутен што нема да одам на 200 метри. Знам дека САД мора да се откаже од 5 добри спортисти и дека некој нема да оди, но не мислев дека тоа сум јас. Главната цел беше да се вратам од Пекинг со три златни медали. Болт е главниот фаворит. Тој го запали светот со 9.72, 9.76 и сите 9.8 трки. Тие се зборовите со кои може да се опише. Со дополнителните 19.6 на 200 метри покажа колку е моќен", вели Геј.
Американецот смета дека Асафа Пауел е "фаворитот од сенка" во Пекинг и дека вниманието кон Болт му помогнало на Јамајканецот.
"Асафа нема притисок. Целата негова земја мисли на Усаин Болт и на златото и тоа е нормално. Но, тој е голем натпреварувач и може да стигне до далеку", вели Геј.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|