
|
 |
Спорт / ОИ 2008
ИОЦ засега нема одлука за Тану
Грчката спринтерка Катерина Тану и нејзиното учество на Олимпијадата во Пекинг се уште не е одлучено и покрај состанокот на дисциплинската комисија на ИОЦ, призна претседателот Жак Рог. Освојувачката на сребро на 100 метри од Сиднеј 2000 е вклучена во долга расправа со ИОЦ околу нејзиното учество во Пекинг, поради допинг-скандалот пред Олимпијадата во Атина заедно со сонародникот Костас Кедерис. Во 2004 Тану и Кедерис се повлекоа од Игрите поради пропуштање на допинг-тестови и беа суспендирани до декември 2006. Тану потоа стигна до квалификациската норма за Пекинг, но мора да добие потврда од ИОЦ дека може да учествува.
"Имаше состанок на дисциплинската комисија и се уште го немам извештајот. Малку е рано да донесеме одлука", вели Рог, посочувајќи дека се потребни неколку дена до конечната одлука.
Тану ќе пристигне во Пекинг на 13 август, неколку дена пред квалификациите на 100 метри на 16 август. Нејзиниот адвокат постојано ги обвинува ИОЦ за дискриминација, заканувајќи се со легална акција. ИОЦ велат дека откако Тану и Кедерис ги предале акредитациите во Атина, случајот е затворен, а сега е потребно само да се види дали може да учествува на идните Олимпијади.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|