
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Фазекаш бара простување
Унгарскиот фрлач на диск, Роберт Фазекаш не доаѓа во Пекинг за медал, туку за простување. Унгарецот, кој победи во Атина во 2004 година го загуби медалот поради допинг-прекшок и сега вели дека сака да се докаже и да го исчисти своето име пред семејството и пријателите.
"Ќе бидам само дополнителен човек во Пекинг, го знам тоа. Има 12 момци кои фрлиле на 66 метри, така што и пласман во финалето може да се смета за успех. Но, должен сум кон моето семејство и пријатели кои беа покрај мене цело време", вели Фазекаш.
Фазекаш стана вистинска ѕвезда во Унгарија пред четири години кога заедно со фрлачот на кладиво, Адријан Ануш победија во Атина, но им беше одземено златото поради прекршување на допинг-правилата, по што беа "влечкани" низ кал во медиумите.
"Ретко мислам на Атина. Освоив олимписко злато со олимписки резултат и тој ми беше одземен неправилно", вели Фазекаш кој во 2004 беше дисквалификуван поради тоа што не дал доволно урина за допинг-тестот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|