
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"
Долгочекуваната Олимпијада во Пекинг, конечно, се отвора денеска, со најавеното спектакуларно Свечено отворање и палење на олимпискиот оган, иако Олимпијадата неформално почна со натпреварите во фудбал.
Контроверзите ја следат Кина откако комунистичката нација беше избрана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) да биде домаќин на Игрите пред седум години. Политичките притисоци, слободата на медиумите и загадувањето ги следеа Игрите во месеците пред 8 август. Но, Кина се надева дека критиките ќе останат во сенка на возбудата и спектаклот на најголемото светско натпреварување на светот.
Темата е "Еден свет, еден сон" кој повикува на светот да се обедини во олимпискиот дух. Дури и американската фудбалска ветеранка Кејти Маркграф признава дека спортистите се фокусирани на тоа.
"Ако има нешто што не смее да падне во сенка, тоа е олимпискиот дух. Големите приказни доаѓаат на Олимпијадата", вели Маркграф.
Околу 10.500 спортисти ќе се натпреваруваат во 302 дисциплини во 28 спорта, само една дисциплина повеќе од тоа што беше на програмата пред четири години во Атина. Мажите ќе настапат во 165 дисциплини, жените имаат 127 дисциплини, а 10 се мешани.
Кина освои 32 злата во 2004 година, само четири помалку од Американците. За да се поминат САД на првото место, државните училишта во Кина целеа на помалку популарните спортови како стрелаштвото, кревањето товар, веслањето, боксот и велосипедизмот.
Маскотите во Пекинг се петте Фува, или кукли за добра среќа. Рибата, големата панда, оганот, тибетанската антилопа и птицата се споредуваат со петте елементи на кинеската филозофија и во исто време ги носат боите на петте олимписки кругови.
Олимпијадата ќе се одржува на 37 објекти, од кои 12 се сосема нови, 11 се реновирани, а 8 се привремени објекти. Околу 25.000 новинари од целиот свет ќе ги покриваат Игрите.
Олимпијадата официјално ќе стартува во 8:08 часот навечер (по локално време) на 8 август (8) 2008, со што Кинезите сакаат да ја "искористат" својата среќна бројка 8.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|