петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / ОИ 2008

Атина да ја остави политиката надвор од спортските терени

Скопје, 8 август (МИА) - Владата на Република Македонија апелира до Грција политиката да ја остави надвор од спортските терени, изјави попладнево вицепремиерот Ивица Боцевски во врска со грчките реакции поради употребата на термините Македонија и Македонец на Олимпијадата во Пекинг.

- Апелираме до нашиот јужен сосед да овозможи духот на олимпизмот и на спортскиот натпревар да си го најде своето место на Олимписките игри во Пекинг. Прашањата што ги имаме од билатерален карактер се решаваат низ многу добро познатите форуми и дијалог, рече Боцевски на прес-конференција во Владата.

Тој најави дека Република Макеоднија ќе ги преземе сите мерки кои и се на располагање за да го заштити дигнитетот и интегритетот на својата спортска делегација во Пекинг.

- Олимписките игри не се ниту време ниту место за политички надмудрувања и спорови. Името Македонец, Македонци, македонска делегација, е неприкосновено и ќе го браниме во секој поглед, посочи Боцевски.

Владата за ова прашање е во интензивна комуникација со кинеските власти, а Македонскиот олимписки комитет со Меѓународниот олимписки комитет.

Грчката Влада и националниот олимписки комитет денеска вложија официјален протест до Организацискиот комитет на Олимписките игри поради користењето на зборовите Македонија и Македонци при официјалното претставување на спортистите од Република Македонија, како и во текстови објавени на интернет страницата на Олимпијадата.

Ова е прв пат, покрај уставното име, Атина официјално да го оспорува и мекедонскиот идентитет. Според македонски владини претставници, тоа претставува отворена дискриминаторска политика, а фактот дека Грција реагира на името Македонија е потврда оти тоа е меѓународно прифатено.


Наjновo од Спорт
Атина да ја остави политиката надвор од спортските терени
Отворени Олимписките игри во Пекинг
Кежман на позајмица во ПСЖ
Боби Робсон умира
Македонска трагедија...
Среќата на страната на израелките
Лион веќе не е толку доминантен
Златото во Пекинг ја спасува сезоната на Федерер
Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"
Фазекаш бара простување
ИОЦ засега нема одлука за Тану
Опуштениот Геј вели дека повредата му помогна
Јао Минг ќе го носи знамето на домаќинот на отворањето на ОИ
Стартуваше машкиот дел од фудбалскиот турнир на ОИ
Атина протестира поради Македонците на Олимписките игри во Пекинг
Федерер го напушта Олимпиското село во Пекинг
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи