
|
 |
Спорт / ОИ 2008
Олимписките вредности продолжуваат да живеат

Стотици млади планинари и качувачи од различни земји денеска на гасењето олимпискиот оган во Пекинг запалија факели на планинските врвови ширум светот. Со овие огнови симболично ќе продолжат да живеат Олимписките вредности.
 Ова е мотото на настанот “Светлина за мир” во која се вклучи и Р. Македонија преку носителот на настанот кај нас, Младинските комисии на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија – ФПСМ, која е членка на Унијата на Интернационални Планинарски Федерации – UIAA, организатор на настанот.
Точно напладне, по локално време, на денот на гаснење на олимпискиот оган во Пекинг, се запалија факели и планинарски челни лампи на највисоките планински врвови во земјите учеснички на настанот. Кон настанот се приклучија Италија, каде се искачија 100 врвови од 205 групи на млади планинари, Словенија каде се искачуваше највисокиот врв Триглав (2864 м), Грција со најпознатиот врв Олимп, Јужна Африка каде 100 деца ги искачија двата врва Helderberg West и Stellenbosch Berg. На овој настан ќе се придружат качувачи од Јужна Кореа, Шпанија, Кина.
 Кај нас учествуваа десет тима со по пет искусни и млади планинари, кои точно во 12.00 часот запалија челните планинарски батериски лампи или факелите на 10 планински врвови:
1. Љуботен - Шар планина (2498 м.)
2. Титов врв - Шар планина (2748 м.)
3. Кораб - Бистра (2764 м.)
4. Магаро - Галичица (2254 м.)
5. Пелистер - Баба (2601 м.)
6. Солунска Глава – Јакупица (2540 м.)
7. Зеленбег - Кожуф (2171 м.)
8. Лисец - Плачковица (1754 м.)
9. Руен - Осоговски планини (2252 м.)
10. Тумба - Беласица (2029 м.)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|