Олимпијци пристигнуваат во Лондон

Првите олимпијци кои ќе се натпреваруваат на претстојните Олимписки Игри во Лондон, што започнуваат за 11 дена, пристигнуваат денеска во британскиот главен град.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, на аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада, Јапонија, Кина, Русија и Франција.

Денеска свечено се отвораат и вратите на Олимпискиот Парк, каде се наоѓаат сите главни олимписки терени и објекти, а вратите за странските спортисти ги отвораат и главниот олимписки стадион и Олимпиското село.

Од ноќеска на полноќ беше промовирана и специјалната „олимписка лента“ на патиштата што водат од аеродромот Хитроу, каде ќе пристигнат 80 отсто од спортистите и по дел од улиците низ Лондон, што се обележени за користење само за возилата што ги превезуваат олимпијците од разни земји.

Повеќето од спортистите доаѓаат порано за да се аклиматизираат на временските прилики во Велика Британија, а посебно во британскиот главен град, кои ова лето се соочуваат со врнежи какви што немало со децении наназад и со температури што се несоодствени дури и за она што се нарекува „британско лето“.

Денеска во Лондон одново врне дожд, а температурата нема да се искачи повеќе од 18 степени. Метеоролозите, засега, не се осмелуваат да кажат какво ќе биде времето за време на отворањето на 27 јули, како и до средината на август до кога ќе трае лондонската Олимпијада.

Олимпијците од големите светски спортски сили имаат од порано закупени центри за тренинг и аклиматизација во разни делови на Англија, што ќе ги користат како свои бази, до пред почнувањето на Олимпијадата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...