Олимпијадата од антиката до Лондон

Францускиот барон Пјер де Кубертен ја покренал иницијативата за оживување на античките Олимписки игри со цел да се создаде силно интернационално движење со кое ќе се афирмираат позитивните општествени вредности, спортска и натпреварувачка култура и развивање на духот на заедништвото помеѓу народите.

Иако идејата на Кубертен е актуелна и во модерното време, Олимписките игри денес претставуваат силно и значајно движење, чија важност веројатно ниту нивниот основач не би можел да го претчувствува.

Олимписките игри претставуваат најважен олимписки и сигурно најзначаен медиумски настан во современиот свет.

На Првите Олимписките игри од модерното време во Атина во 1896 година учествувале спортисти само од 15 земји што сепак претставувало солидна основа за развивање на значајно меѓународно спортско движење.

Идејата за заживување на олимпизмот почнала да се развива по поразот на Франција во француско-пруската војна во 1870-1871 година. Кубертен сметал дека француските војници не биле доволно физички подготвени за борба, дека биле млади и неактивни, како и тоа дека немале развиен натпреварувачки и победнички дух.

Во исто време во Европа, благодарение на истражувањата на германските археолози Хајнрих Шлиман и Ернест Куртијус, нагло се зголемил интересот за античка Грција и манифестациите кои биле одржувани во таа држава, а посебно за Олимписките игри.

Според една од зачуваните легенди, Олимписките игри ги иницирал античкиот бог Зевс, откако извојувал победа во битката за власт над неговиот татко Хроносом, додека според друга, полубогот Херакле одлучил секоја четврта година во Олимпија да се одржува натпреварување на еден стадион, околу 185 метри, како спомен за неговата победа во трката во тој град.

Првиот веродостоен запис за одржување на Олимписките игри датира од 776-тата година пред новата ера, па таа година се наведува како дата за одржување на Првите Олимписки игри, иако некои историчари тврдат дека слични натпреварувања се одржувале од 13-от век пред новата ера.

Во почетокот на Игрите се одржувала трка на еден стадион, а подоцна програмата се проширила, па старите Грци се натпреварувале на делови од два и 24 стадиони, во бокс и борење, петтобој и слични дисциплини.

На Игрите можеле да учествуваат само Грци, на жените не им било дозволено натпреварување, а спортистите од 720-тата година пред новата ера се натпреварувале сосема голи. Околу значењето на манифестацијата сведочи и тоа дека во античко време Олимпијадата била начин за пресметување на времето.

Олимписките игри во текот на римското владеење во Грција загубиле од значење, а царот Теодосиј во 393-тата година целосно ги укинал бидејќи сметал дека се дел од паганските верувања.

Идејата за заедништво помеѓу народите и натпреварување на луѓето на спортското, а не на военото поле, Кубертен започнал да ја реализира во 1894 година. На Конгресот во Сорбона добил поддршка од меѓународниот аудиториум првите современи Олимписки игри да се одржат во Грција, татковината на таа манифестација.

Во таа прилика е формиран Меѓународниот олимписки комитет, кој добил задача да ги организира Игрите во Атина, а за негов прв претседател бил назначен Гркот, Деметриус Викелас.

На првите Олимписки игри во Атина се натпреварувал 241 маж од 14 земји, а биле поделени 43 комплети медали. Спортистите се натпреварувале во гимнастика, атлетика, велосипедизам, мечување, тенис, борење, стрелаштво, пливање и кревање тегови.

Меѓународниот олимписки комитет, по завршување на манифестацијата, одлучил следните Игри да се одржат во други земји, на што се противеле Грците, но тоа била една од клучните причини што манифестацијата брзо доживеала голема популарност ширум светот.

И покрај ширењето и популарноста на олимпиското движење, тоа се соочувало со бројни проблеми. Значењето и популарноста на Игрите за брзо време ја сфатиле политичарите, кои преку нив се обидувале да ги промовираат своите цели и проекти, а во последните триесетина години огромно влијание на Игрите имаат и најголемите мултинационални компании.

Олимпијадата во 1936 година во Берлин ја злоупотребил Адолф Хитлер, кој се обидел да ја искористи за афирмација на националниот социјализам, а голема штета на олимпизмот во текот на “Студената војна“ му нанеле челниците на САД и СССР, ставајќи ја политиката пред спортот.

Најинтригантниот настан во 112 години долгата историја на модерниот олимпизам се случил во 1972 година во Минхен кога палестински терористи, претставувајќи ја организацијата “Црн септември“, убиле девет израелски спортисти и двајца тренери, сите учесници на Олимпијадата.

Тероризмот и денес, по 40 години од трагедијата, заедно со се’ поприсутниот допинг, е еден од најголемите непријатели на Игрите.

Мотото на Кубертен “не е важна победата, важно е да се учествува“ веќе одамна не важи и одамна ја загубила изворната смисла и сега најчесто се апострофира како неуспешно “алиби за губитниците“.

Спортистите веќе подолго време не бираат средства за да ја постигнат целта и користат различни допинг стимулации, за да постигнат врвни резултати.

Познатото олимписко мото “побрзо, повеќе и посилно“ и понатаму е актуелно. На претстстојните Олимписки игри во Лондон секој спортист ќе вложи максимални напори, вештини и знаење за да ги постигне најдобрите резултати за да може да освои медал со кој во најдобро светло ќе ја претстави земјата од која доаѓа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...