Седум камерунски олимпијци „исчезнаа“ од Олимпиското село

Седуммина спортисти од олимпискиот состав на Камерун „исчезнаа“ од Олимпиското село во кое се сместени сите учесници на лондонската Олимпијада.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, претставник на олимписката делегација на оваа африканска земја потврди денеска дека нивните спортисти излегле од Олимпиското село и повеќе не се вратиле.

Организацискиот комитет на Олимпијадата верува дека зад нивното исчезнување не се крие ништо криминално, како и дека најверојатно ништо не им се случило, туку спортистите побегнале за да не се вратат во Камерун и да останат да живеат „некаде во Европа“ поттикнати од тешката економска состојба во нивната земја.

Меѓу „исчезнатите“ се наоѓаат петмина боксери, еден пливач, како и голманот на женската фудбалска репрезентација на Камерун. Таа исчезнала веднаш по завршувањето на квалификацискиот меч на Камерунките против Нов Зеланд, а по на и пливачот и боксерите, откако сите ги загубиле своите мечеви усте во квалификациите.

Ова не е прв случај да биде пријавено исчезнување на некои од африканските олимпијци, дојдени на Олимписките игри во Лондон. Претходно, тројца судански спортисти побегаа од својата олимписка репрезентација, а како „исчезнат“ уште од јуни се води и еден спортист од Етиопија, кој не се врати во хотелот во Нотингам, каде се наоѓаше на подготовки и каде беше и еден од носителите на олимпискиот факел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...