Пожар во „куќата на Нов Зеланд“ во Лондон

Околу 300 луѓе беа синоќа итно евакуирани од „Куќата на Нов Зеланд“, отворена за време на Олимписките игри во Лондон, по експлозијата на две боци со плин, што веднаш потоа предизвика пожар. Пожарникарската служба соопшти дека пожарот бил брзо локализиран, па не било дозволено огнот да се рашири по целата кука, јави дописникот на МИА од Лондон.

Никој во овој инцидент, прв од овој вид на Олимпијадата, не е повреден.

Инцидентот се случи за време на приемот што за Игрите бил организиран за Новозеланѓаните кои живеат и работат во Велика Британија, како и за гостите на Игрите, дојдени од Нов Зеланд, за да ја следат Олимпијадата.

Не е соопштено дали за време на експлозијата и пожарот што потоа избувна, на приемот имало и новозеландски олимпијци.

Според пожарникарската служба, експлозијата се случила во просторијата каде се подготвувала скара. Таа била толку силна, што двете боци го пробиле таванот на просторијата и останале заглавени во горниот кат, па е среќа што во овој инцидент нема потешки последици.

Полицијата соопшти денеска дека од безбедносни причини, синоќа биле евакуирани и жителите на соседните куќи, но уште во текот на ноќта, луѓето се вратиле по своите домови.

„Куќата на Нов Зеланд“ се наоѓа во лондонскиот кварт Кингс Крос. Таа е изнајмена од новозеландскиот олимписки комитет и Владата на оваа земја, да им биде на услуга на спортистите, навивачите и Новозеланѓаните во текот на одржувањето на Олимписките игри. Такви специјални „куќи“ имаат обезбедено повеќе земји-учеснички на Игрите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...