Блажевски на крајот сребрен

Македонскиот пливач Марко Блажевски успеа да освои сребрен медал на НЦАА првенството, кое се одржа во Шенадохан, Тексас. Тој во дисциплината 100 јарди мешано оствари време од 41.50 секунди, што беше недоволно за победата, која замина кај Алекс Мастрих, кој целта ја мина за 40.65 секунди. На третата позиција се најде Тим Карвес (42.10).

„Мислам дека можев да направам уште подобар резултат, но што е тука е. Сепак, се радувам на мојата форма, која е сè подобра пред стартот на Светското првенство во Казан. Се надевам дека здравјето ќе ме послужи и дека ќе немам никакви проблеми во наредниот период бидејќи следуваат уште понапорни тренинзи“, потенцира Блажевски за американските медиуми.



Марко подоцна се појави и на 200 јарди слободен стил, но таму крајната цел ја мина за 1:45.20 минута, што беше доволно на крајот да се најде како седми.

Неговата сестра, Вера, пак, повторно имаше неуспешен обид да обезбеди норма, на главното натпреварување на 200 јарди слободно. Таа со времето од 2:01.35 минути, имаше заостанување од нешто повеќе од три секунди, зад поставената временска рамка

Активностите во пливачкиот дел од НЦАА шампионатот ќе продолжат за 14 дена, каде што најдобрите универзитетски натпреварувачи ќе се соберат на митингот во Гринзбро. Меѓу нив, секако дека ќе бидат Марко и Анастасија, од кои се очекува нови одликувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...