Македа нов играч на РК Вардар

Шпанскиот ракометен репрезентативец Хорхе Македа потпиша договор со Вардар со важност до јуни 2018 година, објави денеска македоснкиот шампион.



- Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018 година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на Македа продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

27-годишниот Македа во Скопје доаѓа од екипата на Нант (Франција) каде настапуваше претходните три сезони.

Зад себе има и медали од ЕП и СП, како дел од репрезентацијата на Шпанија. Од последното СП во Катар, Македа се врати со освоено четврто место, исто како и на ЕП 2012 година во Србија. Бронзен медал има од ЕП 2014 година во Данска, и од СП 2011 година во Шведска. Освои златен медал со Шпанија на СП 2013 година. Беше дел од Олимписката репрезентација на Шпанија во 2012 година и го освои седмото место. За репрезентацијата на Шпанија има одиграно 102 натпревари и постигнато 252 гола. За младинските селекции на Шпанија, до 19 и 21 година има настапувано на неколку ЕП и СП.



Покрај Нант настапувал и во Барселона, Алкобендас и Арагон.и Нант. Со Нант играше на Ф4 турнирот во ЕХФ Купот (2012/2013), со Арагон стигна до полуфиналето на КПК (2011/2012).

Македа е четвртото ново засилување за следната сезона за Вардар по Дејан Манасков, Александар Деревен и Мијајло Марсениќ.

Во меѓувреме клубот ги продолжи договорите и со Стојанче Стоилов, Алем Тоскиќ, Филип Лазаров, Матјаж Брумен и Алекс Душебаев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...