Последниот натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2016 во Полска, против Чешка, во СЦ „Борис Трајковски“ македонската ракометна публика ќе може да го проследи за 50 денари. Другите билети ќе чинат 100, односно 150 денари за блоковите М, што се до теренот.
Најевтините билети досега само ја потврдуваат неопходноста од полна арена во пресрет на најважниот меч на патот кон ЕП во Полска.