Воопшто нема да ни биде лесно со Швајцарците

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван очекува многу тежок натпревар вечерва против Швајцарија, иако неговите избраници важат за фаворити на оваа средба.

- Сега размислуваме само за Швајцарија и ќе мораме да играме со тие што ќе бидат таму. Ако биде ризично Кирил Лазаров ќе го чуваме за дуелот со Чешка. Генералниот план за овој дуел ќе го знаеме непосредно пред почетокот на дуелот. Воопшто нема да биде лесно, го имаат Анди Шмит - најдобар играч од Бундес лигата, но и ние за нив ќе знаеме со кој состав тие ќе се појават на самиот почеток на дуелот, изјави Обрван.



Левото крило Гоце Ојлески верува во две победи на Македонија и против Швајцарија и в недела со Чешка со што успешно би се завршиле квалификациите.

- Ова се двата важни натпревара, но сметам дека можеме да победиме и на двата дуела и со Швајцарија на гости и со Чешка дома и да го постигнеме посакуваниот пламан на Европското првенство, вели Ојлески.

Почетокот на натпреварот Швајцарија – Македонија е во 20 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...