Портите на ЕП се широко отворени за Македонија

Вечерва во „Борис Трајковски“ во Скопје македонската репрезентација ќе го игра финалниот меч од квалификациите за ЕП Полска 2016. Противник ни е репрезентацијата на Чешка, екипа со која на нивни терен на почетокот на ноември одигравме нерешено (27:27). Од тој момент и ние и тие загубивме на двата меча со Франција и ја победивме Швајцарија, па сега останува натпреварот во Скопје да пресуди која од овие две репрезентации ќе патува на ЕП Полска.

Чешка беше значително ослабена на натпреварот кој се играше во Злин, но тогаш и македонскиот тим беше во една многу лоша состојба. Тогаш кулминираа проблемите во Металург, играчите беа вон тренажен процес, на излезна врата од клубот и тоа сред сезона...



Тоа придонесе во натпреварот да влеземе како „револвераши“ и малку недостигаше да се посрамотиме.

Сега е поинаква слика, иако играчки сме послаби, односно минус Наумче Мојсоски и Ренато Вугринец. Но, сега сите играчи имаат зад себе квалитетни натпревари, најголемиот дел имаат и нови клубови и договори и екипата е вратена на шините кои водат кон Полска.

СО ПЕТ БЕКА И ШЕСТ КРИЛА

Чешка, пак, објави состав во кој има шест бека и шест крила. Ќе ги нема и овој пат Јиха, Хорак, Бечвар, Галија, Касал... Ова е состав послаб и од тој што нè дочека во Злин, па така, нивните пехови широко ни ги отвораат вратите кон ЕП Полска.

Од овој состав на Чешка, ќе издвоиме два ракометара – Андреј Здрахала и Томаш Бабак. Едниот игра во втората по квалитет Бундес лига, другиот во швајцарскиот Санкт Гален. Здрахала покажа завидно ниво на интелегенција во игра и брзина на првиот меч со Македонија, но тогаш македонските играчи беа премногу бавни. Сега нема да е така. Другите три бека во нивниот тим се Јан Штехлик бекот на Ст. Рафаел, кој е и повратник во тимот и два домашни играча, Андреј Шимунек од Дукла и Милан Шкварил од Плзен.

Имаат еден корпулентен пивот Леош Петровски, кој досега играше за Плзен, а следната сезона ќе игра за Азоти Пулави од Полска. Голманот Мартин Галија ќе го пропушти дуелот во Скопје, но имаат квалитетен чувар на мрежата во Петр Штохл. На крилни позиции ќе ги видиме екс вардарецот Јан Собол, по тоа сехалигашот Јакуб Хрстка (Татран), по тоа Јурка, Мотл, Котрч и Хес.



МАКЕДОНИЈА СПРЕМНА ЗА ФИНАЛНАТА ПРЕСМЕТКА

Проблеми има и во македонскиот состав, ќе ги нема Катарците Мојсоски и Вугринец, по тоа Мајнов и Кузманоски (повреден и откажан настап) итн.

Го имаме назад во тимот Кирил Лазаров, многу битно ги имаме спремни за дефанзива Митков, Јоновски и Велко Маркоски, односно имаме тим кој би требало без поголеми проблеми да го верификува пласманот на Македонија на ЕП.

Вчера беше одржана и официјалната прес-конференција за натпреварот. Селекторот Обрван и капитенот Лазаров зборуваа на пресот за очекувањата на македонскиот тим од овој натпревар.

ИВИЦА ОБРВАН

„Нетрпеливо го чекаме крајот на напорната сезона за играчите, на која нè очекува клучниот натпревар со Чешка за пласман на Европското првенство во Полска. Одигравме одличен натпревар со Швајцарија и сега полни со самодоверба и се надевам со поддршката од полн ’Борис Трајковски’ ќе запишеме нова победа. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите за поддршката во Ст. Гален со нивната помош сигурно дека беше полесно“, изјави селекторот Ивица Обрван.

Прашан дали знае со каков состав ќе допатуваат Чесите и на кој тим ќе може тој да смета селекторот вели:

„Мислиме позитивно, ја следиме ситуацијата со Чешка и тоа во каков состав ќе допатува и подготвени сме на се. Што се однесува до нашиот тим, јас целосно верувам во 17 играчи кои ги имам на располагање во моментов. Кој ќе се најде во составот ќе одлучам по двата тренинзи кои ни преостануваат до мечот.

Добро ви е позната ситуацијата на Мојсовски и Вугринец, а што се однесува до Лазаров, тој сигурно ќе биде во првата постава и ќе мора да стисне заби и да ѝ помогне на екипата.

Верувам во тимот и играчите и дека во вистинско издание ќе се покажеме в недела и ќе обезбедиме пласман на ЕП“.

КИРИЛ ЛАЗАРОВ

Капитенот го „пропушти“ дуелот во Санкт Гален, иако беше на лице место на располагање да биде фрлен во оган доколку се мора. Таму не се мораше, се надеваме дека и во Скопје ќе одмора, а резултатот ќе оди како што посакуваме.

„Стигнавме до посакуваниот момент и против Чешка имаме дуел ’да се биде или не’. Но, мора да ни биде јасно дека Чесите нема да дојдат со бело знаме. Колку за потсетување, би сакал да се навратиме на првиот квалификациски дуел со нив каде што во еден момент имавме и негатива од 7-8 гола.

Одигравме една екстра-добра партија против солидната Швајцарија во средата, интелигентно, и им честитам на моите соиграчи за одличната партија, се покажа дека може да се победува и без клучни играчи. Секако едно е кога играте растоварено, друго е кога играме меч како овој, кој знаеме дека значи пласман на ЕП.

„Верувам дека сите заедно ќе дадеме една добра партија и ќе победиме“, вели Кирил Лазаров.

Лазаров против Швајцарија изведуваше само пенали, но в недела сериозно ќе се смета на неговата помош.



„Претпладнево го одработив првиот посериозен тренинг по Ф4 во Келн. Малку ми беше тешко при загревањето, но потоа сè беше ОК. Тука сум на располагање и ќе дадам сè од себе да ѝ помогнам на екипата. Би бил и пресреќен доколку нема потреба да играм и да го преседам цел меч на клупата, а на крајот сите заедно да се радуваме на победа“, додава капитенот.

ФИЛИП ЈИХА

Најдобриот чешки ракометар не одигра ниту еден меч за Чешка во овие квалификации. И тој и комплетниот чешки тим на Скопје гледаат како на посебно доживување. Амбиентот во македонските сали е нешто што не се гледа често во Европа и останува во „меморија“. Како тргнало, нема да нè чуди наскоро да стана полагање тест на машкост играњето во Македонија.

„За оние момци кои не биле во Скопје... тоа е нешто што треба да се доживее. Мора да влезат во натпреварот со ладна глава, во спротивно ќе биде ’прегазени’. Во Македонија ракометот е нешто многу повеќе. Лани имаа две екипи во четвртфинале во ЛШ, оваа една. Нивниот ракомет нуди одличен квалитет, плус тука се е и домашниот амбиент, кој има многу големо и важно влијание врз играта и мотивацијата на тимот. Ако загубиме во Скопје, ќе го загубиме и ЕП“, коментира за чешките медиуми Филип Јиха, кој поради повреда нема да се најде во составот в недела.

ПОЛНА САЛА ЗА „ПЕЧАТ“ НА ЕП

Ракометниот тим е најуспешниот колективен спорт во Македонија. Следното ЕП нè очекува, но не смееме никако да занемариме дека има уште 60 минути игра, а ние немаме обезбедено математички пласман.

Ова е последната шанса за тековната сезона да биде затворена на начин на каков заслужија репрезентативците. Многу од нив имаа сезона која им ги промени засекогаш животите, но беа на располагање на државниот тим и успеаја да ја дотегнат репрезентацијата до овој меч. Ако погледнеме малку кон иднината, ќе можеме да претпоставиме дека веќе на прсти почнуваат да се бројат, односно одбројуваат настапите на репрезентацијата на домашен терен во ваков состав. Затоа неделниот натпревар влегува во редот на оние кои ќе останат запишани во историја и изрежани во меморијата на тие што дошле. Нема потреба да потенцираме колку на нашите играчи им значи поддршката од публиката и со каков страв од публиката доаѓаат Чесите. Би било убаво да им биде одговорено според очекувањата, а тоа значи дека во салата треба да има над 5000 гледачи. Билетите се по пристапни цени, ги има доволно, се надеваме дека в недела ќе гледаме спактакл и ќе прославуваме пласман на ЕП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...