Македонските ракометари се изборија за Европското првенство во Полска

Машката македонска ракометна репрезентација се избори за настап на Европското првенство што следната година ќе се одржи во Полска.

Во решавачкиот натпревар од последното коло во квалификациите за ЕП, македонските ракометари ја совладаа Чешка со 32:28 (полувреме15:12), во натпреварот што се одигра попладнево во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје.

Иако гостите од Чешка се до 26-минута го контролираа резултатот и беа во предност, сепак, во завршните четири минути од првото полувреме, црвено-жолтите по серија од 5:1, на одмор заминаа со позитива од три гола 15:12.



Во вториот дел, избраниците на селекторот Ивица Обрван рутинирано ја одржуваа, а на моменти и зголемуваа предноста, за на крај да се радуваат на триумфот со конечни 32:28.

Најефикасен во нашата селекција беше капитенот Кирил Лазаров со 11 голови, додека Дејан Манасков средбата ја заврши со 7. На голот Борко Ристовски имаше уште еден фантастичен настап со 13 успешни интервенции.

Со оваа победа нашата селекција го освои второто место во групата „6’’ со 7 бодови, три помалку од Франција (10), а пред Чешка која остана на 5 и последно пласираната Швајцарија која квалификациите ги заврши без бодови.

Ова ќе биде трето последователно учество на Македонија на ЕП, вкупно четврто, (Италија 1998, Србија 2011 и данска 2013), со што е продолжен континуитетот на настапи на оваа генерација ракометари на големите натпреварувања.

Покрај Македонија и Франција од групата 6, како и домаќинот, пласман на ЕП досега обезбедија: Хрватска, Норвешка, Данска, Шведска, Словенија, Унгарија, Русија, Шпанија и Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...