Пола милион евра за шампионот

По дефинирањето на изгледот на групите за новата сезона во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација ги објави и паричните награди кои ќе ги добијат клубовите за учество во најсилното европско натпреварување.

Во машка конкуренција за учесниците во групната фаза наградата е 60.000 евра, додека победниците во групите ќе добијат дополнителни 30.000 евра. Клубовите кои ќе обезбедат пласман во осминафиналето ќе заработат дополнителни 30 илјади евра, додека истата сума ќе им биде искреширана и на тимовите кои ќе се најдат во Топ 8. Победникот во Лигата на шампионите 2015/2016 во Келн не само што ќе ја има привилегијата да го крене трофејот, туку ќе заработи и пола милион евра. Вицешампионот ќе добие награда од 250 ијлади, за треторангираниот наградата е 150 илјади, додека четвртиот тим во елитата ќе освои 100 илјади евра.



Паричните награди во женска конкуренција се со помал износ, односно за учесниците во групната фаза наградата е 10.000 евра. Тимовите кои ќе обезбедат пласман во главната фаза ќе заработат 20.000 евра. Четвртфиналистите ги чека износ од 25 илјади евра, додека четирите екипи кои ќе се пласираат на Ф4 во Будимпешта имаат 50 илјади евра.

Во зависност од остварените приходи во текот на сезоната, не е исклучена можноста од дополнителни бонуси за екипите што ќе се најдат на завршниците во Келн и Будимпешта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...