Ѓоковиќ и Вилијамс со солиден почеток на Вимблдон

Актуелниот шампион, Новак Ѓоковиќ, го стартуваше Вимблдон шампионатот со солидна 6:4/6:4/6:4 победа над Германецот Филип Колшрајбер.

Светскиот рекет број 1, кому ова му е прв официјален турнир откако не успеа да го комплетира гренд слемот на Францускиот опен минатиот месец, имаше солиден старт со брејк уште во вториот гем, пред да направи неколку грешки и да му дозволи на германскиот противник да израмни.



31-годишниот Колшрајбер, кој е највисокорангираниот тенисер кој не е носител на турнирот, не успеа да направи уште еден подвиг и загуби брејк и сет. Двајцата тенисери се мачеа до брејк во вториот сет, пред шампионот да поведе со 2:0.

„Ова е лулката на нашиот спорт, не постои терен поголем од Централниот терен на Вимблдон и е вистинска чест да се биде актуелен шампион. Филип е тежок противник, посебно опасен на тревната подлога, но останав смирен цел меч“, вели 28-годишниот Србин.

Шампионот од УС опен, Марин Чилиќ, исто така немаше сериозна закана во јапонскиот квалификант Хироки Морија победувајќи го со 6:3/6:2/7:6(4) тенисерот кој досега има само еден АТП триумф.

Младиот австралиски талент Танаси Кокинакис, пак, се „сопна“ на прват пречка во своето деби на Вимблдон, губејќи од 24. носител, Аргентинецот Леонардо Маер со 7:6(7)/7:6(3)/6:4 во меч од три часа. Во аут е уште еден Австралиец, Маринко Матошевич, иако имаше два сета предност против Британецот Лајам Броуди. Матошевич загуби со 5:7/4:6/6:3/6:2/6:3 за 11. пораз во низа и, најверојатно, ќе испадне од топ 150 по турнирот.

Драма во пет сета имаше петтиот носител, Кеи Нишикори, која конечно ја доби со 6:3/6:7(4)/6:2/3:6/6:3 против Италијанецот Симоне Болели. Седмиот носител, Канаѓанецот Милош Раонич, е во второто коло по 6:2/6:3/3:6/7:6(4) победата над Шпанецот Даниел Химено-Травер во меч во кој имаше 25 аса, но и 34 неизнудени грешки.



СЕРЕНА И ШАРАПОВА ВО ОДЛИЧНА ФОРМА

Во второто коло е и светската тенисерка број 1, Серена Вилијамс, во необичен меч против Русинката Маргарита Гаспарјан кој го доби со 6:4/6:1. 20-годишната Гаспарјан направи брејк на стартот на мечот и водеше со 3:1 во првиот сет, пред Вилијамс да се врати за победа. По падот во шестиот гем, таа доби предупредување од судијата на столче поради пцуење.

Вилијамс ќе се обиде да стигне до сите четири гренд слем титули оваа година, нешто што последен пат го оствари Штефи Граф во 1998 година.

„Знаев дека таа е добра тенисерка, но не знаев дека е толку добра. Таа беше многу брза на стартот и почнав да се загрижувам“, вели 33-годишната Вилијамс.

Поранешната шампионка Марија Шарапова со 6:2/6:2 ја „збриша“ 24-годишната британска надеж Јохана Конта, која ги подгреа домашните надежи по трите победи на подготвителниот турнир во Истбурн.

Сепак, шансата да игра на „Централниот терен“ против Шарапова беше очигледно застрашувачка за Конта, која до пред три години настапуваше за Австралија. Шарапова пред 11 години како 17-годишна девојка ги шокираше сите со титулата од Вимблдон, а има и пораз во финалето во 2011 од Петра Квитова.

„Првиот меч на Вимблдон никогаш не е лесен посебно против противник кој имал добри неколку недели и е фаворит на публиката. Но се фокусирав на мојата игра, бидејќи паузирав две недели и се беше во ред“, вели Шарапова.



Експресно во второто коло влезе и седмата носителка, Србинката Ана Ивановиќ со 6:1/6:1 победа над кинеската квалификантка Ксу Ји-Фан, како и двократната шампионка од Австралискиот опен, Викторија Азаренка, која со 6:2/6:1 ја победи Естонката Контавеит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...