Ѓоковиќ лесно влезе во осминафиналето

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, продолжува со сигурните игри на неофицијалното светско тениско првенство, во Вимблдон. Србинот лесно, на трипати со по 6:3 во сетови, беше убедлив против Бернард Томиќ од Австралија и се пласираше во осминафиналето, каде за противник ќе го има Кевин Андерсон од Јужна Африка. По влезот во осминафиналето Ѓоковиќ го очекува дводневен одмор бидејќи денеска нема не игра, а утре е слободен ден.

Популарниот Ноле вели дека атакува на трофејот, но мора да биде внимателен.

- Засега се оди според планот. Имам контрола на ударите од основната линија, а и добро сервирам. Сепак, морам да бидам сè подобар и подобар бидејќи како се ближи крајот на турнирот, така и противниците се подобри. Можеби делува дека лесно поминувам бидејќи сите мечеви ги добив со по 3:0, но не е така. Задоволен сум прикажаното по првата недела, рече Ѓоковиќ, кој по мечот доби понуда да се потпише на вештачката нога на еден свој обожавател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...