Станиќ во Работнички, премногу добро за да биде вистина?

Веќе ја отворивме вратата на новиот ракометен проект Работнички, а низ неа како лавина минаа сите шпекулации кои досега со месеци се вртеа во јавноста. За официјална потврда или, пак, демант на информациите кои се прилично милозвучни за ракометната армија навивачи, сепак, ќе почекаме

Дарко Станиќ, Ренато Вугринец. Велко Маркоски, Никола Маркоски, Наумче Мојсоски, Ванчо Димовски, и така натака повторно во иста екипа, овој пат во Работнички. Звучи добро?

Можеби и премногу добро за да биде вистинито.

Има вистина во сето ова, но вистина е и така само збор кој радо би им го препуштиле на филозофите во нивните расправи и тези. Во реалноста, вистината е збирштина на настани, факти и интерпретации. А во случајот на Работнички, постои тенка можност дел од ова да се реализира. Но, дека следната сезона Работнички ќе биде супер тим спремен за Топ 8 во Лига на шампиони, реално тешко е изводливо.

Од едноставна причина. Работнички го нема тој буџет стане таков тим во еден замав.

Препотставуваме дека ќе разочараме многу фанови, но факт е дека Работнички не е тим што има 2-3 милиони евра буџет и може да си дозволи ваков шопинг. Не е дека со скинати џебови тргнале во авантура, но суштински се работи за еден сосема поинаков проект каде работите можат да тргнат и „угоре и удолу“.

Заеднички именител на сите гореспоменати играчи е дека „насилно“ им беше прекината сезоната во која од нив се очекуваа врвни настапи во Лигата на шампионите. На тој начин и текот на кариерата кој го имаа одбрано тргна во друг правец. Функционираа одлично како тим во Металург и никој од нив не е подготвен да ја заврши таа приказна. Барем не на начинот на кој беа принудени да функционираат. Овде ги додаваме и Златко Мојсоски и Мите Стоилов, кои исто така беа „испратени“ од Металург... и воопшто не е краток тој список на домашни квалитетни ракометари, „испратени“ од Металург.

Нивната подготвеност да бидат одново тоа што биле, макар и во дрес со други бои всушност е најсилниот адут на Работнички. Нормално, сето тоа треба некако да биде менаџирано. И многу природно дојде таа улога да ја преземе Ристо Чокрев, кој успешно се носеше со нив во Металург и на Ванчо Димовски, кои довчера со нив делеше и добро и лошо. Патем и едниот и другиот ја делат судбината на играчите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...